мини|десно|Аљоша Асановиќ

Аљоша Асановиќ (роден на во ) — поранешен хрватски и југословенски фудбалер кој настапувал како играч од средниот ред.

Кариера

Аљоша Асановиќ се преселил во Хајдук Сплит, каде ја започнал својата сениорска кариера. Со Хајдук во 1987 тој го освоил Купот на Југославија а во 1990 година се преселил во францускиот Мец. Во Мец одиграл една сезона, како во Кан, а потоа заминал во Монпелје.

По две сезони поминати во Монпелје, Асановиќ се вратил во Хајдук и со тимот постигнуал успех во сезоната 1994/95 учествувајќи во Лигата на шампионите. Хајдук ја поминал групната фаза, но бил поразен во четвртфиналето од Ајакс, кој подоцна го освоил трофејот. Истата сезона, Асановиќ со Хајдук го освоил првенството и Купот на Хрватска.

Во јануари 1996 година се преселил во Дарби Каунти, каде повторно бил соиграч Игор Штимац. За Дарби Каунти одиграл 38 натпревари и постигнал 8 голови.

По одличната изведба на Светското првенство 1998, Асановиќ се преселил во Панатинаикос. Во текот на две сезони во Грција, одиграл 44 натпревари и постигнал 9 голови. Во 2002 година, по третпат настапувал во Хајдук, каде ја завршил кариерата.

Репрезентација

Асановиќ го имал своето деби за репрезентацијата на Југославија на 25 март 1987 година во пријателски натпревар против Австрија. Тој одиграл 3 натпревари за Југославија.

Своето деби за репрезентацијата на Хрватска било во пријателски натпревар против САД на 17 октомври 1990, кој бил првиот натпревар од хрватската репрезентација. Хрватска победила со 2:1, додека Асановиќ бил првиот стрелец во натпреварот.

На Европското првенство во 1996 и Светското првенство во 1998, Асановиќ бил еден од најважните играчи во репрезентацијата. Со Хрватска тој стигнал до четврт-финалето на Европското првенство 1996 година, а на Светското првенство 1998 година го освоил третото место и бронзен медал. Во полуфиналниот натпревар против Франција тој му помогнал на Давор Шукер преку асистенција во неговиот гол, но Хрватска била поразена со резултат од 2:1.

Последниот натпревар за Хрватска го одиграл против Франција на 28 мај 2000 година. Тој има одиграно 62 натпревари за репрезентацијата и постигнато 3 гола.

Трофеи Југословенски куп: 1987 Прва лига на Хрватска: 1995 Куп на Хрватска: 1995

Наводи

Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Мец Категорија:Фудбалери на ФК Кан Категорија:Фудбалери на ФК Монпелје Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Фудбалери на ФК Австрија Виена Категорија:Живи луѓе