Планинарски дом „Љуботен“ — прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година. Домот е сместен на 1.630 метри надморска височина, под истоимениот врв.

Историја

Љуботен е прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година.

Планинарскиот дом во текот на 2016 година бил реновиран и била извршена реконструкција на кровот.

Местоположба

Домот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.

Пристапност

До домот се стигнува од селото Старо Село од каде води макадам пат, но и обележана патека, која започнува од информативната табла во селото.

Особености

Домот е отворен во текот на целата година, иако е пожелно најавување кај домарот.

Капацитетот на домот е 35 легла, заедничка трпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода.

Во домот може да се најави пијалак и храна, а по потреба и желба се подготвуваат и традиционални јадења.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Планинарски домови во Македонија Категорија:Шар Планина