Трка Абу Даби 2018 — 4. издание на велосипедската етапна трка Абу Даби, која се одржала помеѓу 21 и 25 февруари како трет настан во сезоната на Светската турнеја. Вторпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.
Трката била освоена на завршниот ден од возачот на , Алехандро Валверде, од Шпанија, освојувајќи ја етапата до Џабал Хафит. Валверде завршил 17 секунди пред холандскиот возач Вилко Келдерман од , додека подиумот бил заокружен од Колумбиецот Мигел Анхел Лопес (), кој доцнел 12 секунди зад Келдерман. Резултатот на Лопес бил исто така доволен за освојување на пласманот за млад возач.
Во другите пласмани на трката, Италијанецот Елија Вивијани – вози за – бил освојувач на зелената маичка за бодовниот пласман, освојувајќи ја втората етапа на трката, додека возачот на Николај Трусов од Русија го освоил спринтерскиот пласман и црната маичка, предводејќи го пласманот од почетокот до крајот. Екипниот пласман бил освоен од , поради пласманите меѓу првите десет на Рафал Мајка, Давиде Формоло и Емануел Бухман.
Екипи
Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, седумнаесет од осумнаесетте екипи настапиле на трката – со исклучок на . Дополнително, три професионални континентални екипи се натпреварувале со што се заокружила главната група од 20 екипи.
Рута
Рутата за изданието во 2018 година било објавено на 23 јануари 2018 година. Трката била проширена со уште една етапа, пет наместо претходните четири, со дополнување на поединечен хронометар по првпат; како и завршница на нагорнина наместо кружна трка.
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Поредок Завршен пласман
Водство во пласманите
На Трката Абу Даби 2018 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршното време на секој велосипедист на секоја етапа и дозволувајќи временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ја добивал црвената маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на трката и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите десет места на крајот на етапата. За победа на етапата, возачот добивал 20 бода, 16 бода за вториот, 12 за третиот, 9 за четвртиот, 7 за петтиот, 5 за шестиот и по еден бод помалку за секое наредно место, сè до 1 бод за 10. место. Бодови за пласманот можеле да се добијат и на средните спринтови во текот на секоја етапа, со исклучок на хронометарот; овие средно спринтови исто така нуделе временски секунди за генералниот пласман. Постоел и спринтерски пласман за бодовите доделени на гореспоменатите средни спринтови, каде водството било обележано со црна маичка.
Четвртата маичка ја претставувал пласманот за млад возач, обележана со бела маичка. Ова било одлучувано на ист начин како во генералниот пласман, но само возачите родени по 1 јануари 1993 година можеле да учествуваат во пласманот. Имало и пласман за екипите, каде биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти по екипа на секоја етапа; предводничката екипа на крајот на трката била екипа со најмало вкупно време.
Етапа ПобедникГенерален пласман25пБодовен пласманПласман за млад возачСпринтерски пласманЕкипен пласман 1 Александер Кристоф Александер Кристоф Александер Кристоф Кејлеб Јуан Николај Трусов 2 Елија Вивијани Елија Вивијани Елија Вивијани Дани ван Попел 3 Фил Баухаус Фил Баухаус 4 Роан Денис Роан Денис Мајлс Скотсон 5 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Мигел Анхел Лопес На крај Алехандро Валверде Елија Вивијани Мигел Анхел Лопес Николај Трусов
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Трка Абу Даби Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Обединетите Арапски Емирати во 2018 година