Сејдилија (познато и како СевделијаСевделија () — GeoNames) — историско село во областа Јуруклак, денес во атарот на селото Оџалија, Општина Карбинци, Македонија. Денес, во месноста има пасишта.

Географија и местоположба

Селото се наоѓало во областа Јуруклак, на северозападните ограноци на планината Плачковица, во денешниот атар на селото Оџалија. Под местото на север поминува Козјачка Река, месно позната како Коџа Дере.

Историја

Во век, Сејдилија било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сејдили имало 50 жители, сите Турци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото (Сејдиллиј) живееле 86 жители, сите Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Турци.

Наводи

Поврзано Осарлак Плачковица

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † † † Категорија:Оџалија