мини|300п|Океанија во геополитичка смисла. Океанија — континент кој се состои претежно од острови во Тихиот Океан заедно со континентот Австралија. Поимот „Океанија“ првпат е употребен во 1831 г, а денес овој поим се користи за да се означи регионот во океанскиот дел со островите, но и Австралија.List of IOC members (122) by continent . International Olympic Committee: 112th session, Moscow 2001

Границите на Океанија се означени на неколку начини. Поголем број од дефинициите за границите ги вклучуваат Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и делови од Малајскиот АрхипелагMerriam Webster's Online Dictionary (based on Collegiate vol., 11th ed.) 2006. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc.See, e.g., The Atlas of Canada - The World - Continents Етнолошки, островите во Океанија се поделени на Меланезија, Микронезија и Полинезија."Oceania". 2005. The Columbia Encyclopedia, 6th ed. Columbia University Press.

Океанија е заедничко име за неколку групи острови во Тихиот Океан. Тие се: Меланезија Микронезија Полинезија Нов Зеланд

Меланезија Меланезија ги опфаќа островите што се наоѓаат североисточно од Австралија. Во оваа група најголеми се островите Нова Гвинеја (претежно планински, достигнува близу 5 000 м. Поделен на Индонезија и Папуа Нова Гвинеја, Нова Британија, Нова Каледонија, Саломоновите Острови, Вануату и други.

Микронезија Микронезија зафаќа група мали острови што се наоѓаат североисточно од Меланезија. Во овој дел покарактеристични се Маријанските, Маршалските, Каролинските и Кирибати (Гилбертовите Острови). Голем број од нив се корални острови.

Полинезија Полинезија опфаќа голем број острови и островски групи во Тихиот Океан. Во Полинезија најпознати се Хавајските Острови, Божиќниот Остров, Куковите Острови и островите Туамоту и други.

Новозеландски острови Нов Зеланд е посебна група острови. Најголеми се Северниот и Јужниот Остров, кои претежно се планински. На Јужниот Остров највисокиот врв на Куковата Планина достигнува 3764 м. Островите имаат вулканска активност, гејзери и врели минерални води. Оваа група припаѓа на државата Нов Зеланд.

Бидејќи повеќето од сотровите се наоѓаат во екваторскиот и на тропскиот појас, климата е претежно тропска. Температурите се релативно високи и има голема влажност. Реките се куси и полноводни. Има развиена бујна тропска вегетација. Островите се одликуваат со многу песочни плажи. Нов Зеланд се одликува со суптропска клима на Северниот и со умерена клима на Јужниот Гребен. Најнаселени се островите Нова Гвинеја и Нов Зеланд. Стопански најразвиен е Нов Зеланд. Тој се смета за високоразвиена индустриско-аграрна земја, со развиени тешката и лесна индустрија и високомеханизирано земјоделско произвосдство.

Опсег

Традиционално, Океанија е поделена на три големи географски региони: Микронезија, Меланезија и Полинезија. Сепак, постојат и понови предлози за поделба на регионот како на пример Блиска Океанија и Далечна Океанија.Ben Finney, The Other One-Third of the Globe, Journal of World History, Vol. 5, No. 2, Fall, 1994.

Голем дел од Океанија се состои од острови и атоли со мала населеност за разлика од останатите делови од светот. Австралија е единствената континентална држава. Ако се смета Австралија и Нов Зеланд, тогаш најголем врв е Пунчак Џаја во Папуа со 4884 метри, додека најниска точка е езерото Ејре со 16 метри под нивото на морето.

Држави и региони

Описот за државите и регионите на Океанија варираат од извор до извор. Следната табела вклучува држави и региони според описот на ООН.

Региони

Држави и територии thumb|300px|right|Карта на регионите во Океанија. thumb|300px|right|Политичка карта на Океанија. 300px|right|мини|Членки на Форумот на тихоокеанските острови. thumb|right|300px|Карта на колониите во Океанија во 1939 година.

Име на регион, следено со државии нивните знамиња Површина(км2) Население(2002) Густина(на км2) Главен град Австралија 7,686,850 21,050,000 2.5 Канбера (Австралија) 135 1,493 3.5 Флаинг Фиш Коув (Австралија) 14 632 45.1 Вест Ајленд 268,680 4,108,037 14.5 Велингтон (Австралија) 35 1,866 53.3 Кингстон Меланезија 18,270 856,346 46.9 Сува (Океанскиот дел) 499,852 4,211,532 8.4 Џакарта 23px Нова Каледонија (Франција) 19,060 207,858 10.9 Нумеја 462,840 5,172,033 11.2 Порт Морзби 28,450 494,786 17.4 Хонијара 12,200 196,178 16.1 Порт Вила Микронезија 702 135,869 193.5 Паликир (САД) 549 160,796 292.9 Хагатња 811 96,335 118.8 Јужна Тарава 181 73,630 406.8 Маџуро 21 12,329 587.1 Јарен (де факто) (САД) 477 77,311 162.1 Сајпан 458 19,409 42.4 Мелекеок Полинезија (САД) 199 68,688 345.2 Паго Паго (Нов Зеланд) 240 20,811 86.7 Аваруа (Франција) 4,167 257,847 61.9 Папеете (Н.З.) 260 2,134 8.2 Алофи (Обединетото Кралство) 5 47 10 Адамстаун 2,944 178,631 60.7 Апија (Н.З.) 10 1,431 143.1 — 748 106,137 141.9 Нукуалофа 26 11,146 428.7 Фунафути (Франција) 274 15.585 56.9 Мата-Уту Вкупно 9.008.458 35.834.670 4.0 Вкупно без континент Австралија 1.321.608 14.784.670 11.2

Наводи

Поврзано Азија Континент Тихи Океан

Надворешни врски

Категорија:Континенти