Трајко (Трајчо, Трајче) Стојанов Чундев (1896, – помеѓу 20 и 24 ноември 1948, ) — македонски револуционер, деец на ВМРО и ММТРО.

Животопис Семејство и рани години Трајко Чундев е роден во 1896 година во велешкото село Подлес. Неговиот татко Стојан исто бил член на ВМОРО во отоманско време со особени заслуги кон организацијата. Трајче од него ја наследил целата преданост кон ослободителното дело. Уште како млад започнал да помага во народната борба. Пристапил како доброболец во заштитните војски во Македонија за време на Првата светска војна. Потоа се преселил во Бугарија заедно со своите соборци, оставајќи ги во родниот крај сопругата со двете деца, како и мајката вдовица. Татко му Стојан бил убиен од Србите.

ВМРО (Автономистичка) Се приклучува во редовите на ВМРО по Првата светска војна. Станал близок соработник на Ванчо Михајлов. Се борел против српското влијание во Македонија, со цел да го спроведе бугарското влијание. Раководел со нападот врз српската касарна во Велес. Учествувал во основањето на Бугарскиот централен акционен комитет во текот на 1941 година. На 17 јануари 1943 година бил избран за потпретседател на скопското здружение на Илинденската организација. На 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се одржало Првото заседание на АСНОМ, на коешто, по иницијатива на Методија Андонов Ченто, во новата власт биле поканети да учествуваат и дејци од пробугарското крило на ВМРО, меѓу нив и Трајче Чундев и Јордан Чкатров. Чундев учествувал и на второто заседание на АСНОМ. Во време кога Ченто бил претседател на Президиумот на АСНОМ, тој лично го повикал Чундев да премине во редовите на партизаните.Документи од првото и второто заседание на АСНОМ, Александар Т. Христов, Новица Велјановски, Архив на Македонија, 1987 година, стр. 433.

Во следниот период зазел одговорни функции во новосоздадената Народна Република Македонија во рамки на СФРЈ и учествувал во комисијата за кодифицирањето на македонскиот јазик. Трајко Чундев жестоко се спротивставувал на србизацијата на македонскиот јазик, која е кодифицирана врз основа на српската караџица, по моделот на Вук Караџиќ („Пишувај како што зборуваш“). Чундев сметал дека македонскиот јазик морал да се заснова на старословенската азбука, основана од Свети Кирил и Методиј, како и неговиот ученик Свети Климент Охридски. „Партизанските лекции“ биле прочитани во село Горно Врановци, каде во тоа време се наоѓала агитпроп на Главниод штаб и редакцијата на списанието „Млад Борец“. Таму се подготвувал и првиот број на весникот „Нова Македонија“. По нив имало дискусии по изнесените прeдлози. Во еден свој емоционален исказ, тој ја осудил кодификацијата на македонскиот јазик врз основа на караџицата со зборовите:

Смртна казна Исказот на Трајко Чундев три години подоцна, кога целосно била уништена против српската линија во политичкиот врв во Македонија, ќе го чини глава. Против Чундев е изречена смртна пресуда која била извршена. Според сведоштва на судскиот процес, најголемиот доказ за „неговата непријателска пропаганда и за ширење омраза кон другите југословенски народи, односно српскиот“, бил неговиот личен дневник, пронајден при претресот на неговото живеалиште. Од дневникот, јавниот обвинител Лазар Мојсов го истакнува токму она место, каде Чундев го опишал своето мислење кон Блаже Конески, сторено во село Горно Врановци:

Судот ја имал предвид револуционерната дејност на Чундев како член на ВМРО. Но, и покрај тоа што таа негова дејност била главна причина за пресудата, се јавила потреба за поцврсти докази за противнародна дејност против југословенската федерација, а судот ја искористил како аргумент препирката со студентот Блаже Конески. Противењето на србизацијата на Македонија се толкувало како реакционерно и антидржавно дејствие коешто водело до распалување на меѓунационална омраза во Југославија и за секој прекршител следувала смртна казна. Слично како што многу други македонски револуционери во тој временски период кои се спротивставувале на новата комунистичка власт и србизацијата, тој бил обвинет дека е бугараш поради неговите ставови околу кодифицирањето на македонскиот јазик и по наредба на УДБА бил осуден на смрт и застрелан помеѓу 20 и 24 ноември 1948 година на непознато место во Скопје.

Белешки

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Подлес Категорија:Македонски револуционери Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ