Ашкулица — археолошко наоѓалиште во прилепското село Сенокос. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 100 метри југоисточно од селото, каде се гледаат темели од градба градена од кршен камен и варов малтер, а наоколу, по површината се гледаат фрагменти од керамички садови, тегули и питоси.
Поврзано Бела Чешма — населба од доцноантичко време; Могила — населба од неолитско време; Пуста Црква — населба од римско време; Црква Св. Атанас — осамени наоди од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Сенокос (Прилепско)