Желевица — река во Македонија, сместена на планината Влаина.

Реката е долга 20 километри. Вода има преку целата година и реката не пресушува.

Нејзиното сливно подрачје изнесува 116,3 км2. По нејзината долина се движи патот Берово-Пехчево.

Извор

Извира од подножјето на врвот Кадиица на надморска височина од 1.822 метри на планината Влаина.

Устие

Се влева во реката Брегалница, кај селото Тработивиште, при влезот во Делчевското Поле.

Поврзано Тработивиште Влаина Брегалница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Нов Истевник Категорија:Тработивиште Категорија:Реки во Македонија