Секула Алексов — македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
Животопис Секула Алексов е роден во 1874 година во охридското село Коњско. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година, во борбите кај месноста Бигла, а бил ангажиран и во снабдувањето со храна на востаниците во Охридско. Во 1912 година заминал на печалба во Романија, но за кратко време отпатувал во Софија, каде се приклучил кон Македонско-одринските доброволни чети.
Бил учесник во Балканските војни, кога бил ранет.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Коњско (Охридско) Категорија:Учесници во Илинденското востание