Болингмапа Арена Ларвик или само Арена Ларвик е спортска сала во Ларвик, Норвешка. Таа била отворена во септември 2009 година. Арената се користи првенствено за ракомет, но има и дополнителни можности за одржување на кошарка, одбојка и флурбал.

Почнувајќи од септември 2009 година, Арена Ларвик е дом на женскиот ракометен клуб Ларвик. Таа исто така била едно од местата избран да бидат домаќини на Европското првенство во ракомет за жени 2010 на кое Норвешка била домаќин заедно со Данска.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Ларвик Категорија:ЖРК Ларвик Категорија:Спортски сали во Норвешка