Претседателски избори во САД, 1792 — втори претседателски избори во САД. Траеле од 2 ноември до 5 декември 1792. Дотогашниот претседател на САД Џорџ Вашингтон бил по вторпат бил едногласно избран од страна на избирачкиот колегиум. Исто како и на претходните први избори, Вашингтон немал конкуренција. Правилата на избирачкиот колегиум во тоа време го овластувале секој избирач да даде по два гласа без да има разлика дали гласот е даден за кандидат за претседател или потпретседател. Оној кој добил најголем број на избирачки гласови станал претседател, а оној кој втор по ред освоил најмногу гласови - потпретседател. Дотогашниот потпретседател Џон Адамс добил 77 гласови и исто така бил реизбран (Вашингтон добил 132 избирачки гласови, или по еден од секој избирач).
Овие избори биле првите во која секоја од 13 сојузни држави имала избирачи (плус Кентаки и Вермонт). Исто така овие се единствените американски претседателски избори кои не се одржале точно четири години по претходните избори, иако сепак дел од претходните одржани избори бил одржан точно четири години претходно. Инаугурацијата се случила на 4 март 1793 во канцеларијата на Сенатот при Конгресната сала во Филаделфија.
Кандидати Во 1792 година претседателските избори сè уште биле спроведувани според првичмиот метод воспоставен во американскиот устав. Според овој метод, секој избирач имал право на два гласа, кандидатот кој освојува најголем број на гласови (при мнозинска победа) станува претседател, додека вториот по ред кандидат според избирачки гласови станал потпретседател. XII амандман на САД го заменил овој систем, обврзувајќи ги избирачите да дадат по еден глас за кандидатот за претседател и уште еден за кандидатот за потпретседател, но овој амандман не стапил на сила сè до 1804. Поради ова, потешко е да се опише врската помеѓу кандидатите во овие избори со современа терминологија.
Вашингтон според историчарите се кандидирал без конкуренција. Тој уживал поддршка од двете спротивставени политички групи и добил по еден глас од секој избирач. Изборот за потпретседател бил многу поделен. Новата Федералистичка партија застанала зад дотогашниот потпретседател Џон Адамс, додека пак Демократско-републиканската партија ја поддржала кандидатурата на гувернерот на Њујорк, Џорџ Клинтон. Поради тоа што малкумина сметале дека Вашингтон нема да го добие најголемиот број на гласови, Адамс и Клинтон активно се натпреварувале за функцијата потпретедател иако според тогашниот закон тие всушност се кандидирале за претседател исто како и Вашингтон.
Федералистичка партија Џорџ Вашингтон, претседател на САД Џон Адамс, потпретседател на САД
Демократско-републиканска партија Џорџ Вашингтон, претседател на САД Џорџ Клинтон, гувернер на Њујорк
Резултати Народно гласање Сојузна држава Народно гласање(a), (b), (c) Бр. на гласови Процент Федералистички избирачи 26,088 91.28% Демократско-републикански избирачи 2,491 8.72% Вкупно 28,579 100.0%
Извор: U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 11, 2006). Извор (за народно гласање): A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825(a) Само 6 од 15 сојузни држави избрале избирачи според каква било форма на народно гласање.(c) Оние сојузни држави кои не избрале избирачи на народното гласање имале разни ограничувања на правото на глас поради имотната состојба.''
Избирачки гласови Сојузна Држава Џорџ Вашингтон Џон Адамс Џорџ Клинтон Томас Џеферсон Арон Бјур Број на избирачи Конектикат99---9 Делавер33---3 Џорџија4-4--4 Јужна Каролина87--18 Северна Каролина12-12--12 Кентаки4--4-4 Мериленд88---8 Масачусетс1616---16 Њу Хемпшир66---6 Њу Џерси77---7 Њујорк12-12--12 Пенсилванија15141--15 Род Ајленд44---4 Вермонт33---3 Вирџинија21-21--21 Вкупно 132 77 50 4 1 132
Извор: „Electoral College Box Scores 1789–1996“
Наводи
Надворешни врски Информации за претседателските избори во САД во 1792 година од библиотеката на Конгресот Информации околу броењето на гласовите на претседателските избори во САД во 1792 година
Категорија:Претседателски избори во САД