Водачи Претседател - Ѓорге Иванов Премиер Емил Димитриев (како вршител на должноста, до 31 мај) Зоран Заев (од 1 јуни) Претседател на Собранието Трајко Вељаноски (до 27 април) Талат Џафери (од 27 април)
Настани јануари 9 јануари – Претседателот Ѓорге Иванов го врачил мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ 29 јануари – Груевски не успеал да состави Влада во уставно предвидениот рок од 20 дена бидејќи не успеал да ја обнови коалицијата со ДУИ.
февруари 23 февруари – Преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ завршиле со договор за коалицирање и избор на нова Влада.
март 1 март – Зоран Заев, претседател на СДСМ, поднел 67 пратенички потписи до Иванов за добивање мандат за состав на Влада на Република Македонија.
април 23 април – Референдум во Општина Гевгелија за или против отворање на рудници. 27 април – Во Собранието се случил насилен упад на луѓе од здружението „За заедничка Македонија“ за да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Во насилствата биле повредени десетина пратеници, меѓу кои Заев и Зијадин Села од коалицијата Алијанса за Албанците.
мај 17 мај – Иванов го доделил мандатот за формирање влада на Заев. 31 мај – Неколку минути пред полноќ била изгласана новата македонска влада предводена од Заев.
јуни 3 јуни – РК Вардар влезе во финалето за шампион на Европа во натпреварот против РК Барселона.Вардар ја победи Барселона 4 јуни - РК Вардар стана првак на Европа во ракометната Лига на шампиони.
јули 2 -4 јули - Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц во посета на Македонија. 11 јули - Официјална посета на Министерот за надворешени работи на Австралија, Џули Бишоп http://24vesti.mk/avstraliskata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-vo-poseta-na-makedonija?quicktabs_popularna_sodrzina=0. 23 јули - Референдум во Општина Дојран.
август thumb|десно|200п|Бојко Борисов и Зоран Заев
1 август - Премиерите на Македонија и Бугарија потпишаа договор за добрососедство меѓу двете земји.http://24vesti.com.mk/potpishan-dogovorot-so-bugarija-0 1 -2 август - Официјална посета на Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/4529-2017-08-01-08-58-42.html. 6 август - Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, ги закажа Локалните избори. 20 август - Референдум во Општина Валандово.
септември 3 септември - Референдум во Општина Босилово. 17 септември – Референдум во Општина Ново Село за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица?.
октомври 15 октомври - Локални избори во Македонија
ноември декември 10 декември - Никола Груевски поднесе оставка од функцијата Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 23 декември - На 16-иот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е избран за нов претседател на партијата.
Култура Музика На Евровизија 2017 година, Македонија ја претставуваше Јана Бурческа со песната Dance Alone. Објавен албумот Тешкиот Глас на Новите Химни на Горан Трајкоски. Објавен албумот Град за љубов на Дани Димитровска. Објавен синглот Ѕвона на Каролина Гочева.
Филм и телевизија Кога денот немаше име, филм на Лабина Митевска Исцелител, филм на Ѓорче Ставрески Ах, љубов моја, филм на Коле Ангеловски Јавачи на коњи, филм на Марјан Гавриловки Ќе дојдат децата, филм на Ана Јакимска Железната приказна, филм на Златко Калеников Златко Калеников, филм на Златко Калеников На терапија, телевизиска серија Фамилија Марковски, телевизиска серија Инсајдер, телевизиска серија
Згради и градби Останато
Спорт Спортисти на годината според изборот на Агенција за млади и спорт:
Најдобар спортист: Стојанче Стоилов (ракомет) Најдобра спортистка: Јована Георгиева (карате) Најдобар тренер: Раул Гонсалес (ракомет) Најуспешна спортска федерација: Ракометната федерација на Македонија Најуспешен машка репрезентација: Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година Најуспешен женска репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија - кадетки Најсупешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојаноски (пливање) Најдобра млада спортистка: Симона Симовска (карате) Најдобар млад спортист: Петар Заборски (карате) Специјални награди: Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Георгиевски (теаквондо) Најуспешен универзитетски спортски колектив: Женски тим на карате на Универзитетот Кирил и Методиј Најуспешен училиштен спортски колектив од средни училишта: СУ „Никола Карев“ - Струмица Најуспешен училиштен спортски колектив од основни училишта: ОУ "Страшо Пинџур" - Кавадарци
Фудбал
Меѓународен На Телеком арена, Скопје се одржа финалето на Суперкупот помеѓу ФК Реал Мадрид и ФК Манчестер јунајтед.
Клупски
ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 2016/2017 година. ФК Пелистер го освои купот на Македонија. ФК Вардар стана првиот македонски фудбалски клуб кој обезбеди настап во Лига Европа.
ФК Шкендија беше поразена од ФК Милан со вкупен резултат од 7:0.
Репрезентативен
Фудбалската репрезентација на Македонија под 21 година на Европско првенство во Полска:
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018:
Останато
Евгениј Поп Ацев го освои првото место во Генералниот пласман од Светскиот куп во далечинско пливање. Берат Јакупи го освои втрото место на Европското првенство во карате во Кочели, Турција. Јована Ѓорѓиева го освои бронзениот медал на Европското првенство во карате за сениори во категорија до 55кг. во Кочели, Турција. Петар Заборски заврши како трет во категоријата У-21 на Европското првенство во карате во Софија, Бугарија. Македонската репрезентација во традиционално карате на последното светско првенство во Мотекатини, Италија освои вкупно 14 медали од кој 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Димитар Ѓорѓиев беше трет на Светското првенство во кик-бокс во Будимпешта, Унгарија. Берна Шерифовска стигна до бронзата на Балканијадата за сениори во Скопје. Македонија има потенцијал за подобри резултати и во националните првенства и на меѓународната сцена. Да им посакаме на македонските спортисти успешна 2018 година и остварување на нивните амбицииРезултати на македонските спортисти во 2017 година.
Ракомет РК Вардар ја освојува Лигата на шампиони во ракомет за мажи. Репрезентација Светско првенство во ракомет за мажи 2017, Македонија го освои 15 место.
Починати thumb|десно|100px|Вања Лазарова thumb|десно|100px|Зоран Маџиров thumb|десно|100px|Кенан Таировски Драги Ивановски - македонски новинар. Сефедин Нуредини - македонски глумец. Димитрија Поповски - македонски пливачки тренер. Саша Николовски - македонски диригент. Стојмир Симјаноски - македонски уфолог и писател. Иван Сингартијски - поборник за правата на Македонците во Бугарија. Лилјана Тодорова - македонски филолог. Есад Бајрам - македонски поет. Томислав Биљарац – Томби - македонски новинар. Славко Брезоски - македонски архитект. Лилјана Дирјан - македонска писателка. Ангелина Иванова - македонска глумица. Трајче Крстевски - началник на генералштабот на АРМ. Вања Лазарова - македонска пејачка. Зоран Маџиров - македонски музичар. Ѓорѓи Мраков - македонски активист во Австралија. Нада Ѓуревска - македонска глумица. Јосиф Наумовски - македонски лекар. Дагмар Оровчанец - македонски лекар. Сашо Панов - македонски режисер. Мичо Поповски - македонски спортист. Кенан Таировски - македонски пејач. Златко Трајковски - македонски уметник. Огнен Чемерски - македонски преведувач. Томислав Чокревски - македонски професор.
Родени Наводи