Немања Матиќ (Врело, ) — српски фудбалер, играч од средниот ред на Сасуоло. Од мајчина страна Матиќ има македонско потекло.Interview with Uroš Matić: I’m thinking of playing for Macedonia macedonianfootball.com
Кариера Почетоци
Првите почетоци Немања Матиќ ги направил во локалниот ФК Обреновац 1905 од Обреновац, а во пионирските денови играл за лазаревачка Колубара и Јединство од Уб. Во младите категории наступувал за Црвена звезда и Партизан.Немања Матић , www.reprezentacija.rs
Колубара и Кошице Сениорската кариера ја започнал со 18 години во лазаревачка Колубара, пред да замине во 2007 година во Словачка во редовите на Кошице. Импресионирал со своите настапи во Кошице, каде што станал стандарден првотимец, и му помогнал на тимот да дојде до Купот на Словачка во 2009 година и четвртото место во првенството.
Челси На 18 август 2009 година потпишал четригодишен договор со Челси. Обесштетувањето на Кошице изнесувало околу 1,5 милиони фунти. За Челси во Премиер лигата дебитирал на 21 ноември 2009 во натпреварот против Вулверхемптон, каде влегол како замена во 69-тата минута. Вториот натпревар во Премиер лигата го одиграл во последното коло во сезоната 2009-2010 против Виган Атлетик.
Витесе На 23 август 2010 година Матиќ бил испратен на позајмица во холандскиот Витесе. Во сезоната 2010/11 за Витесе вкупно одиграл 27 првенствени натпревари при што постигнал два гола.
Бенфика thumb|upright|left|Матиќ во дресот на Бенфика. Матиќ на 31 јануари 2011 година, се преселил во португалскиот тим Бенфика, како дел од трансферот на Давид Луис во Челси, за 25 милиони евра обесштетување, плус Немања Матиќ. Меѓутоа, и покрај трансферот во Португалија тој останал во Витесе каде бил на позајмица за да ја заврши сезоната со овој клуб.
Официјално Матиќ и се придружил на Бенфика во сезоната 2011-2012. Првиот гол во дресот на Бенфика го постигнал на 14 јануари 2012, против Виториа Сетубал. После заминувањето на Хави Гарсија во Манчестер сити во август 2012, Матиќ станал незаменлив во средниот ред на Бенфика.
После голот против Порто на 13 јануари 2013 година, веќе следниот ден Матиќ бил награден со продолжување на договорот до 2018 година, и поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.PortuGOAL: Matic handed new Benfica deal 14 јануари 2013.
Враќање во Челси thumb|right|200px|Матиќ во дресот на Челси во 2015 година На 15 јануари 2014 Немања Матиќ потпишал договор со Челси на пет и пол години.Matić potpisao za Čelsi, Murinjo oduševljen njegovim angažmanom blic. 15 January 2014. Retrieved 20 January 2014. Матиќ дебитирал за Челси против Манчестер Јунајтед."Chelsea 3–1 Manchester United" BBC Sport. 19 January 2014. Retrieved 20 January 2014. Тој влегол во игра во 86. минута на местото на Бразилцот Вилијан во победата на Челси од 3-1 на Стамфорд бриџ. Во сезони 2013/14, Матиќ за Челси одиграл вкупно 19 натпревари и забележил 4 асистенции.
На 30 август 2014 Матиќ го постигнал својот прв гол во дресот на Челси, против Евертон на Гудисон парк во победета на Челси од 3-6. Месец дана подоцна, Матиќ го постигнал победоносниот гол против лисабонски Спортинг во Лигата на шампионите во победата на Челси од 0-1. Во ноември 2014, Матиќ го постигнал својот втор гол во сезоната 2014/15 во Лигата на шампионите и донел бод на Челси на гостувањето против Марибор. Матиќ во анкетата на „Вечерњи новости“ е изабран за најдобар српски фудбалер во странство за 2014 година бидејќи за него гласало најголемото мнозинство на капитените од учесниците во Суперлигата на Србија.Вечерње новости: Капитени бирају: Шкулетић и Матић шампиони за 2014. годину (29. децембар 2014)
Манчестер Јунајтед На 31 јуни 2017 година, Матиќ потпишал 3 годишен договор со Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 48 милиони евра и со тоа станал најскапиот српски фудбалер во историјата.
Рома На 14 јуни 2022, Матиќ се согласил на едногодишен договор со италијанската екипа Рома, доаѓајќи во Рим како слободен играч по истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед.
Репрезентација После само три натпревари и два гола во дресот на младата селекција на Србија, селекторот Радомир Антиќ веднаш го прекомандувал во сениорската репрезентација за пријателскиот натпревар против Полска. На тој натпревар одигран на 14 декември 2008 Матиќ дебитирал за најдобрата селекција на Србија.
Трофеи Клупски Кошице Куп на Словачка (1) : 2008-2009.
Челси ФА Куп (1) : 2009-2010. Лига куп (1) : 2014-2015.
Бенфика Првенство на Португалија (1) : 2013-2014. Куп на Португалија (1) : 2013-2014 Лига куп (1) : 2011-2012
Поединечни Српски фудбалер на годината (2) : 2014, 2015. Идеален тим на сезоната во Премиер лигата (1) : 2014-2015 Идеален тим на сезоната во Португалската лига (1) : 2012-2013
Наводи
Надворешни врски
Немања Матиќ на soccerway
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Српски фудбалери Категорија:Српски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Македонци во Србија