thumb|Old Japanese map of the Luzon Strait
Лусонски Проток () — проток помеѓу Тајван и островот Лусон во состав на Филипините. Ги поврзува Филипинското и Јужнокинеското Море во западниот дел на Тихиот Океан."Pacific Ocean" . CIA World Factbook. ."Southeast Asia Map" . CIA World Factbook.
Опис Протокот е широк околу и во него лежат две островски групи: Батанес во истиомената покраина, и Бабујан во покраината Кагајан, обете во состав на Филипините.
Поделен е на повеќе помали протоци. Бабујанскиот Проток го двои Лусон од архипелагот Бабујан, кој пак е одвоен од архипелагот Батанес со Балинтаншкиот Проток. Батанес е одделен од Тајван со протокот Баше.
Има голема важност како минувалиште во товарниот сообраќај и комуникациите. Многу бродови од Јужна и Северна Америка одат низ него за да стасаат до важните источноазиски пристаништа. Низ него минуваат разни голем број подводни кабли за телефонски и семрежни кабли кои ги опслужуваат континентална Кина, Хонгконг, Тајван, Јапонија и Јужна Кореја.Greenlees, Donald and Arnold, Wayne, . "Asia scrambles to fix quake damage to data cables". CNET News.com.
Северно од протокот се забележани огромни бранови со висина до 170 м. Овие бранови се меѓу најголемите во светот, и настануваат поради плимите и морските струи, но најчесто остануваат под вода и затоа не се опасни за бродовите. Ова колебање во голема мера е производ среќавањето на подводните движења со долгиот срт во правец север-југ кој се протега низ речиси целиот проток, а во северниот дел се зголемува со среќавањето со уште еден напореден срт.Oskin, Becky (2014-01-09). "Ocean's Huge Hidden Waves Explained"". LiveScience.com. . Протокот е длабок од 3.500 до 4.000 м северно-јужните бразди во средината и по југозападниот раб.
Историја Лусонскиот Проток бил на патот на јапонските за инвазија на теротири во Втората светска војна. На 8 декември 1941 г. (истиот ден кога е нападнат Перл Харбор поради меѓународната датумска граница), јапонските сили слетале на Батанес. На 10 декември веќе го окупирале островот Камигин де Бабујанес во архипелагот Бабујан (не се работи за Камигин северно од Минданао) во наскоро напуштен обид да се воспостави хидроавионска база, и истиот ден слетале кај Апари, Кагајан на Лусон.
Подоцна во текот на војната, многу американски подморници ловеле јапонски конвои кои минувале низ протокот враќајќи се за Јапонија од Источните Инди.
Наводи
Категорија:Протоци на Филипините Категорија:Протоци во Тајван Категорија:Јужнокинеско Море Категорија:Филипинско Море Категорија:Меѓународни протоци