Марија Исабел Лопес Родригес (родена на 4 јануари 1995 во Ајамонте) позната само како Марија Исабел е шпанска пејачка, актерка и модел.
Таа е победничка на Детскиот избор за песна на Евровизија 2004 со песната Antes Muerta que Sencilla (превод на мак. Подобро мртва, отколку обична).
Животопис Марија е родена на 4 јануари 1995 во Ајамонте во Шпанија. Уште како дете покажала големо интересирање за танцувањ и пеење. Во 2004 година настапила на шпанскиот избор за претставник на Детскиот избор за песна на Евровизија 2004 и победила со синглот Antes muerta que sencilla. Со истата песна се претставила на Детската Евровизије каде исто така победила притоа поставувајќи два рекорда; најмногу освоени бодови на ова натпреварување (171 бод) и најголема бодовна разлика измеѓу првопласираниот и второпласираниот (31 бод). Таа година на изборот имало најголем број на учесници, 18. Нејзините рекорди подоцна биле скршени од Анастасија Петрик (најголема бодовна разлика измеѓу првопласираниот и второпласираниот) и Дестини Чукунјере (најголем број освоени бодови во ова натпреварување) и тоа двете а само 4 бода.
За време на шоуто имала 9 години, 10 месеци и 6 дена, и со тоа станала најмлад победник на Детската Евровизија (Сестрите Толмачеви биле постари само 10 дена). Три години подоцна, во 2007 на сила е донесено правилото учесници да мора да имаат меѓу 10 и 15 години, со што останува најмлад победник во историјата на ова натпреварување.
Нејзиниот победнички сингл станал хит во Шпанија, а успех доживеал и во земјите од Латинска Америка; Аргентина, Колумбија, Порторико и други.
На 29 декември 2015, Марија Исабел била најавена како една од 6-те кандидата за избор на претставник на Шпанија на Евровизија 2016. Таа се претставила со песната La vida sólo es una (превод на мак. Животот е еден) заземајќи го 4-тото место со освоени 68 бода.
Дискографија Албуми 2004: No Me Toques Las Palmas Que Me Conozco 2005: Numero 2 2006: Caprricornio 2007: Angeles S.A. 2009: Los Lunnis con María Isabel 2015: Yo Decido
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Марија Исабел mariaisabel.org. Марија Исабел на myspace Марија Исабел на instagram
Марија Исабел Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година