Бугојно — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Среднобосанскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Бугојно има 17.202 жители.

Географија

Бугојно се наоѓа покрај реката Врбас, на 130 километри северозападно од Сараево. На запад се наоѓа регионот Копривица. Оваа огромна шума некогаш била една од омилените места за лов на претседателот Тито.

Бугојно се наоѓа на надморска височина од околу 550 метри и е опкружен со планината Калин.

Население

Градот и општината е населен со мнозинство Бошњаци. Градот, пред војната бил со мултиетнички карактер, со речиси идентичен број на Хрвати, Бошњаци и Срби. Денес, само околу 150 Срби живеат во градот, додека околу 200 во општината. Бројот на Хрватите во општината се намалил од 16.500 до околу 4500 (2008).

Националност 1991 1981 1971 1961 Муслимани 6.878 (30,37%) 4.719 (28,77%) 3.382 (36,25%) Хрвати 6.836 (30,19%) 4.695 (28,62%) 3.447 (36,94%) Срби 6.809 (30,07%) 5.280 (32,19%) 2.131 (22,84%) Југословени 1.449 (6,39%) 1.511 (9,21%) 173 (1,85%) Останати 669 (2,95%) 197 (1,20%) 196 (2,10%) Вкупно 22.641 16.402 9.329

Наводи

Надворешни врски

Teatar FEDRA Bugojno MojeBugojno.net

Категорија:Градови во Босна и Херцеговина