Прњавор — град и општина во северниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Република Српска, помеѓу градовите Дервента и Бања Лука. Според податоците од пописот во 2013 година, Прњавор има 8.484 жители.

thumb|десно|220п|Џамија thumb|десно|220п|Манастир thumb|десно|220п|Седкиште на општината

Историја

Економскиот потенцијал на градот бил препознаен уште римско време, но економскиот развој градот го доживеал во средниот век. Според историските извори, средновековните манастири биле изградени на месноста Прњавори, од каде доаѓа и името на денешниот град.

За време на отоманскиот период, регионот страдал постојано бидејќи се наоѓал на границата со Хабсбуршката Монархија. За првпат во пишаната историја градот бил споменат во 1828 година. Во средината на 19 век, според евиденцијата на патописецот Јукиќ, Прњавор имал околу стотина куќи и околу илјада жители.

Во 1878 година Австроунгарија ја окупирала Босна и властите одлучиле областа околу Прњавор да биде населена преку привлекување на доселеници од други делови на царството, па во градот имало Италијанци, Украинци, Чеси, Полјаци, Унгарци и Германци. Иако повеќе од половина од населението останале православните Срби, мулти-етничкиот карактер на населението довел да Прњавор биде наречен „Мала Европа“.

Во 1918 година Босна станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. За време на меѓувоениот период од 1918 до 1941 година Прњавор бил подложен на значаен економски развој преку отворање на занаетчиски работилници, хотели, повеќе продавници и неколку производствени погони. Од 1929 до 1941 година Прњавор беше дел од Врбаска бановина на Кралство Југославија.

По колапсот на внатрешната безбедност за време на Втората светска војна, нацистите одлучиле да ги евакуираат етничките Германци. По 1945 година комунистичкиот режим на Јосип Броз Тито ги уништил сите траги на германската историја и наследство во регионот.

Демоградфија

На крајот на 19 век, за време на Австроунгарија, тогаш ретко населената област на Општина Прњавор била колонизирана од страна на доселеници од Источна и Средна Европа (Украина, Италија, Унгарија, Полска, Германија, Австрија, Чешка, Словачка, итн ). Во времето на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и поради бројните национални малцинства (околу 20), Прњавор бил наречен „Мала Европа“. Денеска, освен Србите, Хрватите и Бошњаците, во градот живеат мал број Унгарци, Словаци, Германци, Словенци, Македонци итн. Според пописот од 1921 година, во Прњавор живееле: Срби или Хрвати-34.164 Словенци-108 Чеси или Словаци-482 Малоруси или Украинци-5.997 Полјаци -6.283 Руси-6 Унгарци-371 Германци-1.486 Албанци-2 Романци-556 Италијанци-292 Французи-1 Останати-145

Вкупниот број на население изнесувал 49.893 луѓе. Според верската припадност:

Православни-28.604 Римокатолици-10.338 Гркокатолици-6.252 Евангелисти-832 Муслимани-3.827 Евреи-17 Останати -23

Стопанство

Во 2000 година во приватниот сектор биле вработени 1.900 луѓе, а во 2005 година бројот бил околу 3.000.

Приватни претпријатија: 300 Продавници: 850 Државни претпријатија и институции: 70 Вработени: 5600 Невработени: 3600

Спорт

Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалскиот клуб ФК Љубиќ Прњавор кој настапува во Втората фудбалска лига на Република Српска. ФК Љубиќ Прњавор своите домашни натпревари ги игра на Градскиот стадион кој има капацитет од 2.500 гледачи. Клубот бил основан во 1947 година.

Надворешни врски

Official website Municipalities of Republika Srpska Radio Prnjavor Televizija K3 Prnjavor Banja Kulaši

Категорија:Градови во Босна и Херцеговина