Трани — пристаништен град и општина на Јадранското Море, во регионот Апулија на југот на Италија. Градот во 2009 година станал еден од главните градови на новата покраина Барлета-Андрија-Трани. На почетокот на 2016 година во градот живееле 56,112 жители.

Знаменитости Трани ги загубил своите градски ѕидини и бастиони, но тврдината која датира од 13. век била значително обновена како музеј и е отворена за јавноста. Некои од улиците во и околу гето областа останале исти такви какви што биле во средновековниот период, и голем дел од куќите имаат декорации од норманска архитектура.

Главна црква е градската катедрала, посветена на Свети Никола Поклоникот, грчки поклоник кој починал во Трани во 1094 година одејќи кон поклонението во Рим, и години подоцна бил канонизиран од Папата Урбан II. Таа се наоѓа на отворено издигнато место близу морето, и била осветена, пред нејзиното завршување, во 1143 година. Тоа е базилика со три апсиди, изградена од карактеристичен бел варовник. Таа исто така има голема крипта и висока кула, која била изградена во периодот 1230-1239 од архитект чие име се појавува на амвонот во катедралата во Битонто, Никола Сасердос. Под неа се наоѓа лак, поддржуван делумно од страничниот дел на црквата, и делумно од огромен столб. Лаковите од романските портали се прекрасно украсени, на начин кој сугерира на арапско влијание; бронзените врати, изработени од Барисанус од Трани во 1175 година, се вбројуваат меѓу најдобрите од овој период во Јужна Италија.David A. Walsh, "The Iconography of the Bronze Doors of Barisanus of Trani" Gesta 21.2 (1982:91-106). Капителите на столбовите во криптата се одлични примери на романска архитектура. Внатрешноста на архитектурата била нашироко модернизирана, но криптата останува слична на првичната и била познато складиште на мошти, меѓу кои и телото на маченичката Св. Февронија Нисибиска.

Значајни личности Џени Џорџ - австралиска политичарка Фридрих II - Цар на Светото Римско Царство Манфред Сицилијански - Крал на Сицилија и син на Фридрих II Џовани Бовио - филозоф и политичар Емилио Ковели - анархист и социјалист Лујџи Чиарели - драматург Вандиса Гвида - театарска и филмска глумица Доменико Саро - композитор Леоне ди Лернија - пејач Розалино Селамаре, познат како Рон - пејач

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на општина Трани Портал Трани

Категорија:Градови во Италија Категорија:Пристанишни градови во Италија Категорија:Еврејско-италијанска историја Категорија:Градови во Апулија