Слатински манастир — новоизграден манастир во близина на селото Слатино, во областа Дебрца. Манастирот е подигнат во непосредна близина на некогашното Слатинско Езеро.
Градби во манастирот
Во рамките на манастирот се наоѓаат манастирската црква „Св. Јован Крстител“, камбанаријата, како и помошни објекти.
Црква „Св. Јован Крстител“
Црквата „Св. Јован Крстител“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата била осветена во 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските во црквата се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Слатино (Охридско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Дебарско-кичевската епархија