884 Пријам — привремена ознака 1917 CQ редок вид на Јупитеров тројанец од тројанскиот табор, со пречник приближно од 100 км. Откриен е на 22 септември 1917 година од германскиот астроном Макс Волф во Хајделбершката опсерваторија во јужна Германија.

Според спектралната класа, темното и црвеникаво тело е припадник на ретката класа D. Од 2016 година, познати се 46 астероиди кои се припадници на оваа спектрален тип. Во орбита е на следечкиот тројански табор, во Јупитеровата Лангранжова точка, 60° зад орбитата на гасовитиот џин. Астероидот е во орбита на Сонцето на растојание од 4,6–5,8 ае еднаш на секои 11 години и 10 месеци (4.309 денови). Орбитата има занес од 0,12 и наклон од 9° во однос на еклептиката. Астероидовиот набљудувачки лак почнува 2 месеци по неговата официјалната дата на откривање, а првите снимени набљудувања се направени во хајделберг во ноември 1917 година.

Според истражувањата изведени од јапонскиот сателит Акари и мисијата NEOWISE на НАСА преку Широкозафатниот ифнрацрвно-прегледен истражувач, асероидот има пречници од 101,1 и 120,0 км и површината има албедо од 0,037 и 0,044. Според Соработна астероидна светлокривна врска претпоставува за стандардно албедо за јаглеродни астероиди од 0,057 и пресметале пречник од 96,3 км, заснован на апсолутната величина од 8,81.

Добиени се неколку светлински криви од фотометриските набљудувања на астероидот. Добиен е вртежен период меѓу 6,85 и 6,90 часа со промена на светлинската величина од 0,23 и 0,40. Првите две сетлосни криви биле добиени од страна на Стефано Мотола во јануари 1993 година и октомври 2001 година, во соработка со Клас-Ингвар Лагерквист и Марко Делбо од соодветните Квинстабергова и Торинска опсерваторија, (). Двете добро определени светлински криви биле добиени и од Роберт Стивенс и Линда Френч при Центарот за изучување на Сончевиот Систем и Веслијанскиот универзитет на Илиноис во јули 2010 годинаи јануари 2015 година со (). Во продолжение,набљудувањата украинските астрономи во август 010 година биле искористени за да се добие добро дефинирана светлинска крива со ().

Астероидот е наречен по Пријам, кралот на троја за време на Тројанската војна. Јупитеровите торјанци 624 Хектор и 3317 Парис се наречени по неговите синови Парис и Хектор ().

Наводи

Надворешни врски Asteroid Lightcurve Database (LCDB), query form (info ) Dictionary of Minor Planet Names, Google books Asteroids and comets rotation curves, CdR – Observatoire de Genève, Raoul Behrend Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets (1)-(5000) – Minor Planet Center

Категорија:Јупитерови тројанци (тројански табор) Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астероиди наречени по ликови од старогрчката митологија Категорија:Астероиди од типот D Категорија:Астрономски тела откриени во 1917 година Категорија:Неправилни месечини