Лајден [ хол. ˈlɛi̯.də(n)] -) — град и општина во холандската покраина Јужна Холандија во Холандија.
Градот има околу 120.249 жители, или 254.000 се предградијата. Се наоѓа на реката Стара Рајна во близина на Хаг и Харлем.
Во Лајден се наоѓа најстариот универзитет во Холандија, основан 1575 година.
Историја
На местото на денешен Лајден постоела римска тврдина од 4 век. На градот Лајден му се припишува римското име -{Lugdunum Batavorum}-, иако тоа припаѓало на денашниот град Катвијк.
Во 860 година, се спомнува населбата Леитон (-{Leithon}-) која е претходник на денешниот град. Градските привилегии Лајден ги добил 1266 година.
Лајден особено просперирал во 16. и 17-от век. Градот бил познат по производството на тканина и печатење.
Годината 1572 година е значајна бидејќи Лајден се приклучил во холандската буна против шпанските власти. Под шпанска опсада бил сè до октомври 1574г. Опсадата била пробиена со уништување на браните и поплавувањето на Земјиното тло, па така бродовите со залихи допловиле до градот. Како награда за херојскиот отпор, Вилем I го основал Универзитетот во Лајден.
Во 1606. во Лајден е роден познатиот сликар Рембрант ван Рајн.
Во текот на 17. век, градот напреднал благодарејќи на доаѓањето на бегалците од Фландрија. Иако изгубил третина од 15.000 жители во текот на опсадата 1574г., 1622. имал околу 45.000 жители, и речиси 70.000 околу 1670г година. Во златното време на Холандија, Лајден бил втор град во Холандија, после Амстердам
Подоцна, Лајден стагнирал со падот и значањето на текстилната индустрија. Број на населението паднал на 30.000 во 1811 година, а во 1904 година. изнесувал околу 56.044 жители.
Холандскиот устав го напишал Јохан Рудолф Торбеке во април 1848. во Лајден.
Денес Лајден е значаен како историски и универзитетски град.
Слики од градот
Население Спрема проценките од 2014 година, во градот живееле 120.249 жители.
Наводи
Надворешни врски
Интенет презентација на градот (хол, ен) City Of Leiden Култура во Лајден (хол) Природноисторијски музеј (хол, ен) Универзитет во Лајдену (хол, ен) Слики од градот
Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Јужна Холандија Категорија:Населени места во Јужна Холандија Категорија:Универзитетски градови