Пејрониева болест - видлива закривеност на пенисот.
Опис и симптоми Пејрониевата болест се јавува кај приближно 2% од машкото население. Болеста е видлива при ерекција. Притоа, малата закривеност на пенисот е нормална појава, додека болната ерекција може да биде знак за ова заболување. Освен закривеноста може да се јави и потеченост, која понекогаш сама од себе исчезнува. Закривеноста најчесто се појавува како последица од оштетување на пенисот при ерекција.„И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11. Последици Пејрониевата болест е една од најчестите причини за болни полови односи кај мажите и тешкотии при пенетрацијата, а во одреднеи случаи може да доведе и до импотенција.
Лекување Пејрониевата болест се лекува со хируршко и нехируршко отстранување на состојбата на пенисот. Најчесто се лекува со инјекции, бидејќи болеста, всушност, претставува артритис на пенисот при што може да се применуваат вообичаените лекови при третирање на артритисот.
Наводи
Категорија:Полови болести