Деветта македонска ударна бригада била формирана на 22 август 1944 година во с. Шешково, Кавадаречко. Била формирана од 450 борци од Тиквешијата, од три пешадиски и еден следечки баталјон, и делувала во составот на 41 дивизија до 3 ноември 1944 година.
Наскоро нејзиниот боречки состав нараснал на 2.110 борци (1 октомври). Дејствувала главно во Тиквешијата и на комуникацијата Гевгелија-Велес, зела учество во борбите за ослободување на Прилеп (29 октомври - 2 ноември), Кичево и Гостивар. На 6 ноември 1944 година, по ослободувањето на Битола, бригадата влегла во состав на 49 дивизија.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 113
Операции
Во завршните операции за конечно ослободување на Македонија се истакнува во борбите: Против делови на четиринаесеттиот бугарски граничен одсек кај селото Крњево на 4 септември, каде разоружале околу 900 војници.Hronologija oslobodilacke borbe naroda Jugoslavije 1944-1945, izd. VII, Beograd, 1964 Заедно со десеттата македонска бригада на 16 и 17 септември во одбраната на Кавадарци. На 28 септември ја уништиле железничката станица во Бистреница, Демир Капија. На 29 септември ја нападнале железничката станица во Демир Капија. На 6 октомври ја разрушиле железничката станица во Милетково. Ги напаѓале и германските колони кои се повлекувале од Грција по долината на реката Вардар. Посебно е значајна нивната улога во конечното ослободување на Прилеп од 29 октомври до 2 ноември 1944.
Команден состав Најдо Стаменин - Орлов, командант од 22 август 1944 годинад-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 112 Димитар Гулевски - Гулас, командант од 6 ноември 1944 година Ристо Стојановски - Железни, политички комесар Ризова Трајанка - Злата, заменик политички комесар на Првиот баталјон
Галерија
Наводи
Категорија:Бригади на НОВМ