мини|десно|Карта на Пегниц, Регниц и околните реки Пегниц () — мала река во Франконија, во сојузната покраина Баварија, Германија. Извира во истоимениот град, на надморска висина од и се влева во реката Редниц на висина од во Фирт. Оттука па натаму, реката се нарекува Регниц и на крај се влева во Мајна.
Мештаните го сметаат потокот Фихтеное () за дел (горно течение) на Пегниц. Фихтеное пак, извира во шумата Линденхарт северно од градот Пегниц.
Реката е долга околу , или 102 км ако се вклучи Фихтеное.
Во Пегниц живеат разни водни птици како патки, лиски, лебеди и галеби.
Притоки Сите притоки на Пегниц се потоци. Тие се следниве, по географски редослед: Фихтеное (лева) Флембах (лева) Хиршбах (лева) Хегенбах (лева, од страната на Помелсбрун) Хапургер Бах (лева) Зитенбах (десна) Хамербах (лева) Зандбах (лева) Шнајтах (десна) Ретенбах (десна) Битербах (десна) Ретенбах (лева) Лангвасерграбен (десна) Тифграбен (десна) Голдбах (лева)
Градови во поречието Од изворот до устието, ова се градовите по течението на Пегниц:
Пегниц Нојхаус на Пегниц Херсбрук Лауд на Пегниц Ретенбах на Пегниц Нирнберг, каде, во рамките на градот (околу 14 км) реката се раширува во повеќе ракави, преку кои минуваат разни историски и современи мостови. Фирт, каде постојат повеќе историски и современи мостови.
Во Нирнберг и Фирт се направени напори релата да се уреди според нејзиното природно течение по старото корито.
Надворешни врски
Преуредувањето на Пегниц во Нирнберг — Служба за водостопанство Нирнберг Карстно-хидролошко проучување „Водата Планина“ во Пегниц
Категорија:Реки во Баварија Категорија:Мајнски слив Категорија:Рајнски слив Категорија:Нирнберг Категорија:Фирт