Неверни години - записи, искази и прераскази — книга од македонскиот писател Петре М. Андреевски од 1974 година. Книгата содржи записи, патописи и сеќавања.

Технички податоци Книгата за првпат е објавена во 1974 година од издавачката куќа „Македонска книга“. Книгата има 171 страница, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Нацртот на корицата го направил Спасе Куновски, коректурата ја извршила Драга Стефанова, а книгата била испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ во мај 1974 година, а во тираж од 1.000 примероци. На книгата е назначена и нејзината продажна цена од 50 динари. Издавањето на книгата било помогнато од Републичкиот фонд за унапредување на издавачката дејност на СРМ.Петре М. Андреевски, Неверни години. Скопје: Македонска книга, 1974.

Содржина Книгата содржи 14 записи, раскази, сеќавања, патописи и репортажи: На разминување со набожните боси души Едно видување со Мариово Играта на старците - Последното оро на Кузета Кузмана Берово летото 1969-73 Благото невреме на слепиот трубадур Крајпатјето и трите меани Вирово Места што ги паметувам, јадења што не ги заборавам Почетокот на летото и крајот на дедо ми Вампир Шлаканица Лубеница Исчезнатиот сведок Закопот на селскиот виолинист Ѓорѓија Димоски

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дела на Петре М. Андреевски Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Книги од 1974 година