Инцест или родосквернавење е сексуален контакт помеѓу лица кои се наоѓаат во блиско сродство. Инцестот е забранет со закон или со обичаите. Овие забрани (и казни) имаат за цел да ја спречат и потиснат најсилната и најстарата човечка едипална желба - агресивноста кон таткото како соперник и инцестуозната желба кон мајката. Инцестот е универзална појава и универзален табу, меѓутоа постојат варијацијии во зависност од средината. Во основа, колку е поблиска роднинската врска, толку е понагласено табуто кое го забранува или осудува стапувањето во сексуални односи меѓу луѓето со крвно сродство.
Инцестот како тема во уметноста и во популарната култура Инцестот како мотив во книжевноста „Пристаниште“ — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан.„Пристаниште“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 308-320.
Инцестот како мотив во народното творештво „Трена“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 116-117. „Рада сираче“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 106-107. „Сонцето ми е на заод“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 108-109. „Кинисал Димо“ — македонска народна песна.Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 115.
Литература
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сексуалност