Јелена Жугиќ (родена на во Скопје) — македонска театарска, филмска, телевизиска, и гласовна глумица.
Животопис Јелена Жугиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, со претставата „Арсеник и стара тантела“ во 1995 година. Во Драмскиот театар - Скопје, таа е вработена од февруари 1997 година. Од септември 2011 до јули 2017 година, е основач и директор на Н. У Театар Комедија во Скопје. Во 2017 година, повторно се враќа во Драмски театар - Скопје.
Театрографија Театарски претстави: Хелен Синклер - Куршуми над Бродвеј, р. Ненад Витанов, ДТС 2025 Клитемнестра — Ифигенија за ништо, р. Филип Петковски, ДТС 2025 Снежана — Драми на принцезите, од Елфриде Јелинек, р. Жива Бизовичар, ДТС 2024 Падот на Масада, од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2023 Моето име е Горан Стефановски, од Горан Стефановски, р Бранислав Миќуновиќ, ДТС 2022 Титанија - Сон на летната ноќ, од Вилијам Шекспир, Театар Комедија 2017 Др. Ката - Трудна приказна, од Благица Секуловска, р. Лидија Дедовиќ, Театар Комедија 2017 Лина - Вардарски пастуви, од Фул Монти, р. Синиша Евтимов, Театар Комедија 2016 Николинка - Господарот на кукавицата, од Венко Андоновски, р. Андреј Цветановски, Театар Комедија 2015 Бети - Име, од Александар де ла Пателие, р. Нени Делместре, Т. Комедија 2015 Лисистрата - Лисистрата, од Аристофан, р. Наташа Поплавска, Т. Комедија 2014 Кралицата - Хамлет во Пикантен сос, од Алдо Николај, р. Александра Кардалевска, Театар Комедија 2013 Фатиме - Солунски патрдии, од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013 г-ѓа Ренате - Генетика на кучињата од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2012 Хекуба - GeNОcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011 Ѓ-ѓа Лу/Сестра Мери - Олово на перница, од Венко Андоновски, р. Димче Николовски, ДТС 2011 Дона Жуана - Дона Жуана, од Молиер, р. Патрик Вершурен, Градски театар - Скопје, 2009 Олимпија - Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009 Пангиос - Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009 Титанија - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2008 Стиви - Коза, или Која е Силвија? од Едвард Олби, режија Дино Мустафиќ, ДТС, 2008 Јулишка - Комшилук наопаку, од Н.Митровиќ, р. Н.Делместре, ДТС, 2007 Мира - Кино Љубов, од Ј.Бојаџи, режија Јани Бојаџи, ДТС, 2007 Сенген - Демонот од Дебар Маало, од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски ДТС, 2006 Ирина - Три сестри, од Чехов, р. Димитар Станковски, ДТС, 2004 Магдалена - Куќата на Бернарда Алба, од Љорка, р. Г. Стојановиќ, ДТС, 2004 Магда - Магдо, љубов моја, од С. Насев, р. Д. Станковски, независен проект, Скопје, 2003 Таа - Нема да ми верувате што ми се случи вечерва, од Н. Вујадиновиќ, р. К. Ристевски, ДТС, 2003 Абел - Собрани дела на Вилијам Шекспир, од Том Стопард, р. З. Славенски, ДТС, 2002 Лора - Црни кукли, од В. Андоновски, р. Д. Станковск, независен проект, 2001 Вагинални монолози, од Ив Енслеф, р. Д. Станковски; независен проект Скопје Титанија - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000 Панглос помалиот - Кандид во земјата на чудата, од В. Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС 2000 Мехмене - Ферхард и Сирин, од Јудел Ертен, р. Н. Хикмети, ДТС 2000 Ерика фон Лајден – Европа, од Рене Калински, р. Патрик Версурен, ДТС, 1999 Беатриче, Распони и Федерико Распони - Арлекин, од К. Голдони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1999 Маргарета - Македонски Фауст, од М. Србиновски, р. Сашо Миленковски, 1999 Грофицата Алмавива - Женидбата на Фигаро, од Бомарс, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1998 Сара/Долорес - Љубовникот, од Дејвид Ајс, Харолд Пинтер, Керил Сеил, р. Зоја Бујалковска, ДТС, 1998 Дебра - Перверзии, од Д. Мамет, р. Мони Дамевски, ДТС 1997 Хорот - Ојдипус Тиранос, од Софоклеус, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 1997 Ида - Позитивно мислење, од С.Насев, р. Димитар Станковски, ДТС 1997 Дона Хуана - Дона Хуана, од А. Виздеи, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996 Констанца - Амадеус, од П. Шефер, р. Златко Славенски, ДТС, 1996 Тина - Ни ќар ни зијан, од Б. Димитров, р. Д. Станковски, ДТС 1996 Ева - Умри машки, од А.Николај, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996 Селанка – Кумови, од Русанте, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1995 Ема Брјустер - Арсеник и стара тантела, од Кеселинг, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995 Жената на Лука Лукиќ - Ревизор, од Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 1995 Глумец - Розенкранц и Гилденстерн се мртви, од Т.Стопард, р. Златко Славенски, ДТС, 1994 Третата дворска дама - Животот е сон, од Калдерон де ла Барка, р. Слободан Унковски, ДТС, 1994 Пешна - Крале Марко, од М. Србиновски, р. Љубиша Георгиевски, В. Чернодрински – Прилеп, 1994 Марика, Јадранка - Сон..., од Ж.Мирчевска, р. З.Славенски и С. Ковачевиќ, фестивал МОТ, 1994 Третата Евменида – Евмениди, од Есхил, р. Г. Тренчовски, Фестивал "Охридско лето", 1993 Жената со две лица - Црно писмо, од Б. Миневски, р. В. Цветановски, Фестивал "Охридско лето", 1993 Цвета - Време за сонување, од З. Славенски, р. З. Славенски, Ј. Х. Џинот - Велес 1993
Филмографија Жугиќ има остварено бројни филмски улоги: Година Филм Улога 1992 Роза Еирихонска ТВ-филм 1994 Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм 1994-1995 Бумбари ТВ-серија Буба 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1998 Салон Хармони ТВ-серија Марија 2000 Погрешно време ТВ-серија 2002 Заведени ТВ-серија Нана 2003 Време за плачење ТВ-филм Ана 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-филм 2005 Остани исправен ТВ-филм 2005 Обични луѓе ТВ-серија 2007 Сенки ТВ-филм 2010 Од денес за утре ТВ-серија Јелена 2010 Пилот ТВ-филм Лина 2015 Бела ноќ ТВ-филм Слободата 2018 Ругање со Христос ТВ-филм 2022 Кино „Љубов“ ТВ-филм Мира 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Ника
Награди Награда на Фестивалот „Јоаким Фест“ за претставата „My name is Goran Stefanovski“, 2022 Награда “13 Ноември“, 2015 Награда за женска улога за 2012 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Ренате во претставата „Генетика на кучињата“ Награда за најдобра женска улога за 2011 г, на Фестивалот за античка драма „Стоби“ - 2011, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21“ Награда за најдобра женска улога за 2011 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21“ Награда „Златна Бубамара за популарноста“, 2009 Награда „Маслина“, за најдобра глумица во ТВ филмот „Време за плачење“, Бар, 2003 г.; Награда "Златна маска Изида" за најдобра улога во претставата „Собрани дела на Вилијам Шекспир“, на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, 2002г.; Награда за најдобра глумечка творба за 2001 г., на Националниот фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата Лора во претставата "Црни куклички". Награда за најдобра глумечка творба за 1997 г., на Националниот фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата Ида во претставата "Позитивно мислење". Награда од списанието „Екран“ за најдобар млад глумец за 1996г. за улогата Ева во претставата "Умри машки"
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје