Едвард Милс Персел ( — ) — американски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1952 за неговите самостојни пронајдоци (објавени 1946) на јадрена магнетна резонанца во течности и цврсти материи. Јадрената магнетна резонанца станала широко употребувана во проучување на молекуларната градба на чистите материјали и составот на мешавини.
Животопис Роден и израснат во Тејлорвил, Илиноис, Персел ја добил дипломата за електротехника од Пурдјускиот универзитет, проследено со неговото магистрирање и докторирање по физика во Харвард. Бил член во Алфа Кси поглавјето на Фи Капа Сигма братството додека бил во Пурдју.Greek101.com Во времето на Втората светска војна работел во лабораторијата на институтот за технологија во Масачусетс на развојот на микробрановиот радар, Персел се вратил во Хардвард за да го спроведе истражувањето. Во декември 1946, ја открил јадрената магнетна резонанција (НМР) со неговите колеги Роберт Паунд и Хенри Тореј. НМР им овозможува на научниците елегантен и прецизен начин за одредување на хемиската градба и својства на материјалите и е широко користена во физиката и хемијата. Исто така е основа на магнетната резонанца (МРИ), едно од основните медицински напредоци во дваесеттиот век. За неговото пронаоѓање на НМР, Персел ја споделил Нобеловата награда за физика со Феликс Блох од Стенфордскиот универзитет.
Персел исто така имал придонес и во астрономијата како прв кој ги детектирал радио емисиите од неутрален галактички водород (познатата 21 cm линија како последица од хиперфината разделба), дозволувајќи ги првите погледи на спиралните краци на мерењата на 21 cm линија што е важна техника во модерната астрономија. Тој исто така оставил плодотворен придонес во физиката за цврста агрегатна состојба, со проучување на спин-ехо релаксацијата, јадрена магнетна релаксација и негативната спинова температура (важно за развојот на ласерот). Со Норман Фостер Ремзи, бил првиот да го постави прашањето за ПП-симетријата на физичките честички.
Персел бил добитник на многу награда за неговата научна, образовна и граѓанска работа. Работел како научен советник на претседателите Двајт Д. Ајзенхауер, Џон Ф. Кенеди и Линдон Џонсон. Тој бил претседател на Американското друштво на физичари и член на Американското филозофско друштво, Националната академија за науки во САД и Академијата за уметност и науки во САД. Бил награден со Национален медал за наука во 1979 и бил примен во домот на славните во неговото братство Фи Капа Сигма како прв Фи Кап кој ја освоил Нобеловата награда.
Персел бил автор на иновативниот воведен текст Електрицитет и магнетизам. Книгата "Sputnik-era", проект основан од "NSF", била влијателна за употреба на релативност во презентирање на предметот на ова ниво. Изданието од 1965, сега достапно поради услов од федералниот грант, било оригинално објавено како том на Беркли курс по физика. Половина век подоцна, книгата е исто така печатена во комерцијално трето издание, како Персел и Морин. Персел исто така е паметен од биолози за неговите славни предавања "Life at Low Reynolds Number" („Живот по низок Рејнолдсов број“), во кои го објаснил принципот познат како скалопова теорема.
Поврзано Релативистички електромагнетизам Магнетна резонанца
Наводи
Надворешни врски
Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy National Academy of Sciences biography Edward Mills Purcell The story of the 21 cm line experiment, including a photo of Purcell Oral History Transcript — Dr. Edward Purcell, June 8, 1977
Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Експериментални физичари Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Американски јадрени физичари Категорија:Професори на Масачусетскиот технолошки институт