Пазарот на труд (англиски: Labour Market) претставува организирано сретнување на понудата и побарувачката на труд (работна сила).
Активно население, вработеност и невработеност
Пазар на труд во Македонија Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал на 2014 година, активното население во Македонија изнесувало 961.416 лица, од кои вработени биле 696.046, а невработени 265.370. Стапката на активност изнесувала 57,4%, стапката на вработеност била 41,5%, а стапката на невработеност 27,6%. Според половата структура, од вкупниот број вработени, 426.134 биле мажи, а 269.912 жени, додека од невработените, 158.383 биле мажи, а 106.986 жени. Што се однесува до економски неактивното население, 253.986 биле мажи, а 460.978 жени.„Македонија со стапка на невработеност од 27,6%“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 6.
Во второто тримесечје од 2025 година, работоспособното население во Македонија изнесувало 1 517 307 лица, од кои 745 579 биле мажи, а 771 728 жени. Активното население изнесувало 792 746 лица (461 241 мажи и 331 505 жени) при што бројот на вработените лица изнесувал 701 369 (401 430 мажи и 299 939 жени), додека 91 377 лица биле невработени (59 812 мажи и 31 565 жени). Стапката на активност изнесувала 66,2 % (76,5 % кај мажите и 55,8 % кај жените), а стапката на вработеност била 58,5 % (66,4 % кај мажите и 50,4 % кај жените). Најпосле, стапката на невработеност изнесувала 11,7 % (13,2 % кај мажите и 9,6 % кај жените).„Активно население, второ тримесечје 2025 година“, Економија и бизнис, година 28, број 340, 1 октомври 2025, стр. 54.
Според податоците на Евростат, еден македонски работник за еден работен час создава само 42,9% од просечната додадена вредност во ЕУ.Мирче Јовановски, „продуктивноста - стара болка на македонската економија“, Економија и бизнис, година 20, број 244, ноември 2018, стр. 50-51.
Наводи
Категорија:Економија на Македонија Категорија:Економија на трудот