„Детство“ (руски: Детство) — книга од Лав Толстој. Тоа е првото книжевно дело на Толстој, било објавено во 1852 година.

Изданија на македонски јазик Книгата е објавена во 1966 година од книгоиздавателството „Кочо Рацин“, во рамките на библиотеката „Златна клупа“, а преводот на македонски јазик го извршил Александар Ежов. Книгата има 180 страници и испечатена е во печатницата „Нова Македонија“ од Скопје, во јуни 1966 година, а во тираж од 10.000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Ликовното уредување на корицата и внатрешните илустрации се дело на Јован Петров, а техничкото уредување го извршил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Драга Стефанова.Л. Н. Толстој, Детство, Скопје: Кочо Рацин, 1966.

Содржина Краткиот роман „Детство“ има автобиографски карактер. Книгата се состои од 28 поглавја, и тоа:Л. Н. Толстој, Детство, Скопје: Кочо Рацин, 1966. Глава I: Учителот Карл Иванич Глава II: MAMAN Глава III: ПАПА Глава IV: Часовите Глава V: Божјакот Глава VI: Подготовките за на лов Глава VII: Ловот Глава VIII: Игрите Глава IX: Нешто како прва љубов Глава X: Каков човек беше татко ми? ГлаваXI: Занимавањата во кабинетот и во гостинската соба ГлаваXII: Гриша ГлаваXIII: Наталја Савишна ГлаваXIV: Разделбата Глава XV: Детството Глава XVI: Стиховите ГлаваXVII: Кнегиња Корнакова ГлаваXVIII: Кнез Иван Иванич Глава XIX: Ивини Глава XX: Се збираат гостите ГлаваXXI: Пред мазурката ГлаваXXII: Мазурката ГлаваXXIII: По мазурката ГлаваXXIV: Во постелата Глава XXV: Писмото Глава XXVI: Што нè чекаше в село Глава XXVII: Жалоста Глава XXVIII: Последни тажни спомени

Наводи

Категорија:Изданија на Кочо Рацин Категорија:Романи за деца Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски романи Категорија:Книги од 1852 година