.om — семрежен највисок државен домен за Оман.

Регистар

Моментално, Телекомуникациската регулаторна агенција е регистрирана како управител на .om ccTLD. Агенцијата е задолжена само за управување со највисокиот семрежен домен „.om“ и „.عمان“ На тој начин, агенцијата може:

1- Да поставува правила, насоки и водичи за раководење со дозволените имиња на домени.

2- Да одобри акредитирани регистратори и да ги објави нивните имиња на мрежната страница на агенцијата или пак истото да го стори на некој друг начин.

3- Да ги надгледува акредитираните регистратори и регистранти и да ја провери нивната согласност до правилата напатствија и водичи пооврзани со имињата на домените.

4- Да ги објави одлуките за прекинување на акредитацијата на акредитираните регистратори на мрежната страница на агенцијата или пак истот да го стори на некој друг начин.

5- Да преземе чекори во однос на некоја жалба или барање поднесени од акредитираните регистратори или регистрантите или пак која и да е странка во кој и да е дел што се однесува на почитувањето и спроведувањето на регулативата, и истото да го стори без предрасуди според Законот за индустриска сопственост и неговите подакти.

.om Зони

Најважниот домен .om ги содржи следниве доменски зони:

ЗонаРегистрациони категории.omЗа раководните делови на владата и одобрените претпријатија во Оман.co.omЗа регистрирани бизниси и претпријатија во Оманcom.om.org.omЗа општи јавни претпријатија дозволени од Оман.net.omЗа претпријатија кои нудат телекомуникациски услуги во Оман .edu.omЗа јавни и приватни образовни институции.gov.omЗа владините агенции во Оман .museum.omЗа државните и приватните ентитети кои поседуваат или работат како Омански музеи.pro.omЗа трговските синдикати и професионални здруженија одобрени од Оман како што се лиценцирани доктори и инженери или кој и да е нивен член..med.omЗа државните и приватните нудачи на медицински услуги

Акредитирани регистрирачи

Акредитираните регистрирачи е секое физичко или правно лице кој ее одобрен од агенцијата според договорот да прима пријави за регистрација на семрежни домени, да носи одлуки, регистрира, префрла, стопира, брише и да преземе потребни чекори поврзани со имињата на домените според определените законски подакти на законот за регистрација и акредитација.

Агенцијата ќе ги прегледа пријавите поднесени од претпријатијата или лицата кои сакаат да добијата акредитација од агенцијата и да носат одлуки.

Моментално акредитираните регистрирачи се:

GulfCyberTech E- Solutions Omani Qatari Telecommunication Company Oman Telecommunication Company

Наводи Domain Name Administration Telecommunication Regulatory Authority

Категорија:Највисоки државни домени