Славјанка () — река во Ленинградската област во Русија, притока на Нева. Долга е 31 км со сливно подрачје од 230 км2.

Ова е типична рамничарска река со бавен тек. Почнува да тече од мочуриштата 9 км југозападно од Павловск и тече североисточно кон местото, каде минува низ парковите околу големиот Павловски дворец. Продолжува на север и се влева во Нева кај Рибатское во Санкт Петербург. Кај устието е длабока речиси 1,5 м.

Поврзано Павловск Храм на пријателството

Надворешни врски

Савјолова, Е.А., Славјанка и нејзините притоки

Категорија:Реки во Русија Категорија:Невски слив Категорија:Ленинградска област Категорија:Павловск Категорија:Реки во Санкт Петербург Категорија:Реки во Ленинградската област