Српска напредна странка во Македонија (СНСМ; ) — политичка партија која е регистрирана и делува во рамките на политичките процеси во Република Македонија.
Целна ориентација
Целите на партијата се заштита и унапредување на политичките, културните, социјалните и економски права на Србите во Република Македонија со легитимно делување во тековниот, со Уставот и соодветните закони и други легални акти, одреден политички амбиент.
Политички настап
Континуитетот на Српската напредна странка во Македонија се следи од 15-08-2009 година до денес. На локалните избори во 2009 година партијата се здобива со места во локалната самоуправа во Кумановско, каде партијата овозможи и српскиот јазик да биде во официјална употреба во 2010 и Скопска Црна Гора, додека на вонредните парламентарни избори во 2011 година, нејзиниот тогашен претседател Драгиша Милетиќ добива пратенички мандат во коалиција предводена од СДСМ.Биографија на Драгиша Милетиќ од мрежното место на Собранието на РМ пред самораспуштањето 2014
Партиски конгрес 2014 година
На првиот конгрес на СНСМ во Куманово, одржан на 9. Март 2014, во присуство на овластени делегати, за претседател на СНСМ е избран Ване Величковиќ и е легитимирана новата партиска хиерархија - за заменик-претседател е избран Ќира Пирковиќ и за генерален секретар Игор Димитријевиќ. Драгиша Милетиќ не го признава кумановскиот конгрес и на собир на месниот одбор во с. Бањани присутните приврзаници го реизбираат за претседател.ПРЕВИРАЊАТА ВО СНС - ВЕЛИЧКОВИЌ ГО ИМА ЧЛЕНСТВОТО, МИЛЕТИЌ ПЕЧАТОТ? Телма тв, 10.03.2014
Наводи
Поврзано Список на политички партии во Македонија Политика на Македонија
Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 2006 година во Македонија