Весли "Вес" Хулахан (роден на 20 мај 1982 година) — поранешен ирски фудбалер, играч од средниот ред.
Кариера Клупска кариера Кариерата ја започнал во Шелбурн во 2001 година и со овој клуб ја освоил ирската лига трипати во 2002, 2003 и 2004 година. Во 2006 го напуштил Шелбурн, а по краток период во шкотскиот Ливингсон, дошол во екипата на Блекпул на едногодишна позајмица. Откако оставил добар впечаток во клубот, Хулахан потпишал две-годишен договор со Блекпул во јуни 2007 година. Откако со клубот неуспеал да избори промоција во Премиер лигата во сезоната 2007-08 решил да ја смени клупската средина.
На 26 јуни 2008 Хулахан потпишал за Норич Сити, во размена во која бил вклучен резервниот голман на Норич, Матју Џилкс плус доплата на одредна сума. Во својата прва сезона Вес имал 31 настап и 2 постигнати гола во Чемпионшип, но неговиот придонес не бил доволен па клубот му испаѓа од лигата. Следната сезона по доаѓањето на новиот менаџер Пол Ламберт, клубот дошол до две промоции едноподруго, а Хулахан експлодирал. Најпрво Норич се враќа во Чемпионшип во сезоната 2009-10, а Хулахан бил еден од најважните играчи со 37 настапи и 11 гола. Потоа во сезоната 2010-11, Хулахан во 41 настап посигнал 10 гола и придонел за освојување на промоција и враќање на клубот во Премиер лигата за првпат по сезоната 2004-05.
Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал во првото коло од сезоната 2011-12, на гостувањето против Виган Атлетик во натпревар што завршил 1-1.Norwich claim point at Wigan Првата сезона во Премиер лигата ја завршил со 33 настапи и 4 гола.
Репрезентативна кариера Како еден од најталентираните фудбалери во првенството на Ирска во неговото време, тој бил повикан во репрезентацијата на Република Ирска до 21 година. За две години направил 9 настапи и постигнал еден гол.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 29 мај 2008 против Колумбија, во победата со 1-0.
Хет-трик Хулахан има постигнато еден Хет-трик во кариерата, на натпреварот Норич-Шефилд Јунајтед 4-2 во 24-тото коло од Чемпионшип лигата во сезоната 2010-11. Неговите три гола (од кој два од пенал) му помогнале на Норич да се избори со негативата и на крајот да забележи победа.
Титули Шелбурн Прва ирска лига (3) : 2002, 2003, 2004.
Норич Сити Лига Еден (1) : 2009-10.
Надворешни врски Вес Хулахан на soccerway Вес Хулахан на transfermarkt Вес Хулахан на whoscored Вес Хулахан на espn
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Норич Сити Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Родени во 1982 година