Стадион „Тегу“ (, наречен и „Син свод“)World Stadiums Стадион „Тегу“ — најголем стадион Јужна Кореја, сместен во градот Тегу. Сè до март 2008 г. го носел името „Стадион на светското првенство ’Тегу‘“ (анг. Daegu World Cup Stadium). Има примоспособност за 65.000 гледачи (тековно ограничено на 53.000) и места за 3.550 автомобили. Сместен е околу 11 км од градскиот аеродром. Со стадионот управува Спортскиот раководен центар на Тегу.
Ова е еден од стадионите на кои се одржало Светскотото првенство во фудбал во 2002 г. и главен стадион за Летната универзијада во 2003 г.XXII Летна универзијада и Светското првенство во атлетика во 2011 г. Стадионот е домашно игралиште на прволигашот ФК Тегу.대구 월드컵 경기장, 시민들을 위한 따뜻한 쉼터Матична страница на ФК Тегу
Изградба Изградбата завршила во мај 2001 г. со цена на чинење од 265 милиони долари. Проектант на покривот е меѓународното ателје WS Atkins. Има два дела, секој со наклонет свод со челични носачи и опсег од 273 м при издигање од само 28,7 м. Потпомогнат е од 13 потпорни сводови што водат во втор обиколен лак потпрен на скалишни столбови.Korea Ready for Kickoff — New Civil Engineer Вкупната тежина на покривната конструкција изнесува 4.350 тони. Прекривката е обложена со ПТФЕ и зајакната со стакло. Моделирањето и статичките работи ги извршил Tensys.Building Types Study: Stadiums: Daegu Stadium — Architectural Record Ветерниот товар врз покривот го проценил BMT Limited.
Светско фудбалско првенство 2002 На стадионот се одржани следниве натпревари во рамките на Светско првенство во фудбал во 2002 г.:
Датум Екипа Исход Екипа Коло6 јуни 20021–1Група A8 јуни 20020–1Група B 10 јуни 20021–1Група D29 јуни 20022–3Трето место
Поврзано Список на фудбалски стадиони во Јужна Кореја
Наводи
Надворешни врски Спортски раководен центар на Тегу
Категорија:Фудбалски стадиони во Јужна Кореја Стадион Категорија:Светско првенство во фудбал 2002