Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште во битолското село Ивањевци. Претставува осамен наод од римско и доцноантичко време и среден век. Се наоѓа во самата селска црква „Св. Ѓорѓи“ и во црковниот двор, кои потекнуваат од старата црква која била на местото каде што сега се наоѓа училиштето „Кочо Рацин“. Во дворното место на црквата има повеќе мермерни споменици, и тоа: капител, ара и две стебла од столбови од кои едното е со натпис.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба — населба од неолитско време; Ивањевци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Ивањевци