Плочи — археолошко наоѓалиште во битолското село Добрушево. Претставува некропола од среден век. Се наоѓа на 1 км северно од селото, каде според кажувањата на жителите, се наоѓало старото село. Овде се гледаат грамади од градежен материјал, веројатно од црква, а во непосредната близина има гробови градени од камени плочи. Жителите наоѓале прстени.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ерековски Ливади — населба од римско време; Плочи — населба од римско време; Добрушево; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Добрушево