Пархтиц () — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Географија и сообраќај

Пархтиц е сместен 3 километри северозападно од Берген на Риген и се наоѓа на Дувенбек, единствениот голем поток на Риген. Изворот на потокот е Ноненското Езеро, кое исто така се наоѓа во Пархтиц и кое било повторно наполнето во 1993, откако долг период било исушено. Селото се наоѓа на патот 30 од Берген до Гингст. Сојузниот автопат Б96 и железничката линија од Штралзунд до Засниц поминува источно од селото.

Општински единици

Во рамки на општината влегуваат следниве села:

Пархтиц Болдевиц Гадемов Муглиц Нојендорф Платвиц Рајшвиц Фолксхаген Вилихоф

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Западна Померанија-Риген Категорија:Населени места на Риген