Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во ресенското село Дрмени, сместена непосредно до регионалниот пат Ресен-Отешево.

Местоположба

Се наоѓа на самиот јужен раб на селото, веднаш до регионалниот пат Ресен-Стење. Покрај нејзе се наоѓаат селските гробишта и една германска гробница од Првата светска војна.

Историја

Изградена е во 1871 година.

Архитектура

Црквата има прекрасен иконостас, направен по градбата, но не е фрескоживописана. Односно има само две фрески и тоа од лево до олтарот Свети Наум, од десно Свети Трифун. За да не се оштетат тие се застаклени. Останатите ѕидови се премачкани со бела боја. Во 1990-тите години направена е голема камбанарија во дворот. На почетокот на септември 2013 година, во црквата била извршена кражба, при што била украдена една вредна икона.Икона украдена од црква во Дрмени

Легенда

Локалната легенда вели дека за самата изградба селаните многу се мачеле, носеле камења, сами граделе, немале дарители, но решиле и ја направиле, оваа убава и голема црква. Според кажувањата на постарите, за изградбата на оваа црква отишле дури 12 жртви (загинале 12 браќа). Тие биле качени на скеле во внатрешниот дел на црквата кога удрил земјотрес и сите паднале еден врз друг и никој не преживеал.

Галерија

Поврзано Дрмени Преспанско-пелагониска епархија Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дрмени Дрмени