Жарко Димитриоски (роден во Тетово) — македонска медиумска личност, претприемач и маркетиншки стручњак. Тој е автор и извршен продуцент на најпопуларното македонско ТВ разговорно шоу Еден на еден и основач и управувачки партнер на маркетинг агенцијата BDG.
Добитник е на наградата за претприемач на годината во Македонија за 2017 година. и бил избран на престижниот список Forbes 30 Under 30 како еден од најдобрите 30 претприемачи под 30 години во Европа од областа на медиуми и маркетинг во 2018
Образование и професионален развој Во 2022 година, Димитриоски ја завршил Програмата за извршен развој (Executive Development Program) на Келоговата школа за управување (Kellogg School of Management) при Северозападниот универзитет (Northwestern University) во Чикаго, каде предавачи му биле Џим Лецински, Сержио Ребело, Александр Чернев и адмиралот Мајкл Роџерс, поранешен директор на Националната безбедноста служба.
Исто така, Димитриоски бил додипломец на Меѓународната посетителска програма за водство (International Visitor Leadership Program) на Стејт департментот.
Тој е магистер е по маркетинг, а има димпломирано во областите бизнис економија и новинарство на универзитетите АУЕ-ФОН и „Св. Кирил и Методиј“.
Кариера и влијание Тој е основач и управувачки партнер на една од најголемите независни маркетинг агенции во Македонија, BDG, која од 2021 година е стратешки партнер за Македонија, Косово и Албанија на маркетиншката агенција TBWA.
Во 2025 година, Димитриоски бил избран за член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а од 2022 година, тој бил претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи – Тим 40 во рамки на Комората.
Телевизија
МРТВ Димитриоски започнува да се занимава со медиумска работа уште како многу мал. На 6 години, тој бил избран да членува во детското драмско студио на МРТВ при една од најголемите направени аудиции во националната телевизија. Активен член на студиото бил 10 години и за тоа време, тој остварил многу улоги во детски проекти, играни серии, радио емисии. Учествувал во „Погрешно време“, „Умни глави“, „Светот има осум страни“, „Дали како што“, „Здраво генијалци“, а најзапаметен е по улогата на ликот Диме Такси, во телевизиската серија Големи и мали по адаптацијата на истоимениот роман од Бошко Смаќоски.
Спорт 4 Две години од телевизиската кариера помина во првата и засега единствена спортска телевизија во Македонија, каналот Спорт 4. Таму, тој работел како новинар, водител на вести и коментатор на спортски натпревари. Меѓу другите, тој го коментирал и првото финале на Вимблдон помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал, во 2006 година.
А1 и А2 Емисијата „Ексклузив“ бил проектот со кој Жарко ја почнал работата во А1 телевизија. Заедно со екипата која го започнала Ексклузив, меѓу кои и Анкица Стојановска, тој успеал да внесе новитет во телевизискиот етер правејќи ја првата емисија од овој тип кај нас, на која подоцна станал и уредник. Во меѓувреме, тој бил водител и на квизот „50-50“, проектот НЕЦ - обратна аукција, македонскиот пренос од финалињата на „Јас имам талент“ и „Преживеан“ од Белград, проектот „Најбрза македонска ѕвезда“ на емисијата „Високи Октани“, а изработил и документарен филм за Тоше Проески, насловен „По Тебе“. Во овој период, тој работел и на маркетиншки кампањи за А1 групацијата и изработувал повеќе реклами за BOOM TV, меѓу кои најпопуларен е познатиот спот со Жаре и Баба Ратка.http://www.youtube.com/watch?v=nXvAD3m1ttY Последните години од кариерата во А1, тој работел и како уредник на забавната редакција.
„Еден на Еден“ „Еден на Еден“ е авторски проект на Димитриоски кој започнал во 2008 година, како дел од програмата на тогаш новата А2 телевизија. Разговорното шоу станало најпопуларната телевизиска емисија во Македонија и било емитувано повеќе од 16 сезони на телевизиите А1, А2, Алфа, Телма, и од 2017 година на Канал 5.
Во емисијата, редовни гости биле бројни домашни и регионални ѕвезди како Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Раде Шербеџија, Лепа Брена, Игор Џамбазов и многу други, а има добиено и 5 награди „Златна Бубамара“ за најдобра телевизиска емисија.
Во двете сезони кои „Еден на Еден“ ги поминал на А1 и А2 телевизија, гостувале огромен број познати личности како Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Кили, Елена Ристеска, Викса, Пеце Суперхикс, Катарина Ивановска, Перо Антиќ, Трендо, Ареа, Кире Лазаров, Тони Зен, Нокаут, Борко Ристовски, Влатко Лозаноски, Дејан Лилиќ, Скај Виклер, Елементал итн.
По затворањето на А1 телевизија, шоуто било вратено на екраните со третата сезона од јуни до септември 2012 година, на каналот Алфа, сезона во кои гости биле исклучиво музичари, глумци и стоечки комичари од целиот Балкан.
Од ноември 2012 до април 2013 година, биле остварени 20 епизоди плус „Еден на Еден специјалот“ со Љупчо Николовски Фуфо. Повторно дошле веќе редовните Игор Џамбазов, Трендо, Кире Лазаров, Владо Бучковски, Елена Ристеска, Дејан Лилиќ. Жарко имал и гостувања од Раде Шербеџија, Влатко Стефановски, Лино Червар, Калиопи, Каролина Гочева, Васко и Бубо Карови, Дарко Панчев, Дарко Станиќ, Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Живко Мукаетов, Трифун Костовски, Сашо Гигов Гиш и уште дваесетина други.
Шоуто „Еден на Еден“ ја завршил својата петта сезона во мај 2014. Биле емитувани 27 епизоди во кои меѓу другите гости беа и Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски, Јелена Розга и уште 40тина други македонски и балкански ѕвезди. Шоуто било снимани во целосно ново студио и било емитувано секоја недела на каналот Алфа во 20 часот. Домашен бенд во емисијата биле Пеперминт, најпознати по нивниот хит „Девојката со точакот“.
Од ноември 2014 до мај 2015 година, секоја сабота вечер на Алфа, била емитувана шестата сезона од шоуто. Екипата била збогатена со повеќе ликови и сценаристи, а Пеперминт и натаму биле домашен бенд во „Еден на Еден“. Гостувале плејада домашни и балкански ѕвезди, а освен стандардните имиња свое прво гостување имале и Владо Георгиев, Бранко Огњановски од К-15, Бора Ѓорѓевиќ од Рибља чорба, Нина Бадриќ, Лила Стојановска, Аки Рахимовски и Парни ваљак, Васко Ефтов, американската аренби група Blackstreet, Борислав Димитров - Бобо, Шабан Шаулиќ, Ана Бекута, Наум Петрески, Зуица Лазова, Викторија Лоба, Дарио Панковски, Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски.
Сè поголемата популарност, „Еден на Еден“ ја заокружил со добивање на Златна Бубамара за најдобра телевизиска емисија за 2014 година.http://faktor.mk/2015/02/23/zasluzheno-eden-na-eden-najdobra-tv-emisija-na-godinata-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta/
Седмата сезона на шоуто, била емитувана на каналот Телма, секоја сабота во 19:15 часот. Сезоната била најавена со најавно видео во кое учествувале Игор Џамбазов, Трендо, Александар Чомовски, Петко и Бранко Огњановски како измислениот лик и охриѓанец Климе. Останале добро познатите сегменти како јавувањата на ликот Спасе, но имало и неколку новитети како рап-битките на познатите личности од јавната сцена, од кои најмногу внимание привлекле рап-битките меѓу Груевски и Заев. Гостувале многу личности меѓу кои и австралијанецот Ник Вујичиќ, Саша Ковачевиќ, Исидора Бјелица, Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Марјана Станојковска, Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Емилија Розман, Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Дуке Бојаџиев, Каролина Гочева, Горан Михајловски, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Жељко Самарџиќ, Сергеј Ќетковиќ и многу други.
„Еден на Еден“ добил уште една награда Златна Бубамара за најдобра емисија за 2016 година.
Деветтата сезона од „Еден на Еден“ била емитувана на Канал 5 телевизија, секоја недела во 18 и 50 часот и била најгледаната сезона на шоуто. Емисијата уште еднаш се закитила со нова Златна Бубамара за најдобра телевизиска емисија за 2017 година..
Истото продолжило и во десеттата сезона од шоуто, уште еднаш на Канал 5 телевизија, недела во 18:30 часот. Повторно, составот на гости го сочинуваа најпознатите имиња од домашниот и регионалниот забавен живот како Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Лепа Брена, Тарик Филиповиќ, Неле Карајлиќ, Саша Ковачевиќ, Стефан Миленковиќ, Милан Калиниќ, Хари Варешановиќ, Лане Гутовиќ, Жељко Самарџиќ, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Владо Јаневски, Роберт Саздов, но и светски ѕвезди како Grandmaster Flash.
Балкан стенд ап Димитриоски е основоположник на домашната сцена на стоечката комедија. На крајот на 2000-тите, тој бил организатор на фестивалот „Балкан стендап“ и повеќе настани со стоечка комедија низ Скопје и државата, каде настапувале најпознатите комичари од регионот, меѓу кои Срѓан Динчиќ, Тин Водопивец, Перица Јерковиќ, Сашко Коцев, Срѓан Јовановиќ и други.
Наводи
Надворешни врски Фејсбук страница Инстаграм страница YouTube страница страница на BDG Agency
Категорија:Глумци од Тетово Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски Македонци