Фирстенвалде или службено Фирстенвалде/Шпре (, Mapa Polski 1:500 000 Wojskowy Instytut Geograficzny Sztabu Generalnego W.P., Warszawa 1947; до 2000 Фирстенвалде (Шпре)) — град во округот Одра-Шпре, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Шпре, 55 километри источно од Берлин.

Историја

Фирстенвалде бил првпат забележан во 1272. Во 1373, бискупот Венцеслав го преместил официјалното седиште на Бискупијата Лебус од Гериц на Одра во Фирстенвалде и неговата Мариенкирхе (Marienkirche) била подигната на ниво на катедрала. Последниот католички бискуп бил Георг фон Блументак (1490-1550), кој бил под опсада во неговиот дворец од реформистите предводени од Никел фон Минквиц. Бискупот побегнал замаскиран низ прозорец. Бискупијата била секуларизирана во текот на реформацијата во 1555 и целосно распуштена во 1598 од маркгрофот на Бранденбург, Јоаким Фридрих.

Меѓународни односи

Фирстенвалде е збратимен со:

Хошчно, Полска Санок, Полска Рајнхајм, Хесен, Германија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница History of Fürstenwalde

Категорија:Одра-Шпре Категорија:Бранденбург (покраина)