Nationalencyklopedin („Национална енциклопедија“) скрат. NE — најобемната современа енциклопедија на шведски јазик. Изготвувањето и издавањето започнало со владин заем од 17 милиони круни, отплатен кон крајот на 1990 г.Шведски прирачни дела: Национална енциклопедија Во печатен облик, делото има 20 тома со 172.000 статии, а изданието на семрежјето опфаќа 260.000 статии (јуни 2005).
Историја Проектот започнал во 1980 г, со препорака од владината комисија за преговори со разни издавачи. Оваа фаза завршила во август 1985 г, избирајќи ги „Бра Бекер“ и „Хегнас“. Задачата на проектот била да се изработи современо прирачно дело во склад со научната парадигма, вклучувајќи проблематики како меѓуродовите односи и животната средина.
Уште пред да излезе, делото побудило огромен интерес. До моментот на издавањето на првиот том во декември 1989 г, енциклопедијата ја порачале дури 54.000 лица. Последниот том излегол во 1996 г, со три дополненија во 2000 г.
Во состав на проектот Nationalencyklopedin се издадени и следниве книги:
NE:s Ordbok — речник во три тома (1995–1996) NE:s Årsband — дополненија за понови информации и настани (секоја година, почнувајќи од 1997) NE:s Sverigeatlas — атлас на Шведска (1998) NE:s Världsatlas — атлас на светот (1998) NE-spelet — игра на знаење со 8.000 прашања (1999)
Во 1997 г. е издаден дигитален облик на енциклопедијата, на 6 диска (подоцна и на ДВД), а во 2000 г. е ставена на располагање на семрежјето, со претплата. Оваа верзија е тековна и осовремена, и го опфаќа и речникот. Има вкупно 356.000 ставки, од кои 183.000 се енциклопедиски статии. Во услугата се вклучени и неколку дополнителни можности како шведско-англиски речник.
Поврзано Нордиска семејна книга (Nordisk familjebok, 1876–1957) Википедија на шведски јазик
Наводи
Надворешни врски Nationalencyklopedin Шведска прирачна литература — библиографија на шведски енциклопедии од Кристофер Псиландер
Категорија:Шведски енциклопедии Категорија:Семрежни енциклопедии Категорија:Книги од 1989 година