Црквата Свети Никола е христијански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија.
Митрополитскиот храм Свети Никола Чудотворец спаѓа меѓу најстарите храмови во Софија. Првите темели на црквата датираат уште од времето на римскиот цар Константин Велики во 4 век, а се претпоставува дека резиденцијата на Калојан била изградена на местото каде некогаш се наоѓал објектот во кој престојувал Константин кога бил во Средец. Денес се сочувани и се гледаат автентичните ѕидови во подземниот дел на храмотhttp://www.online.bg/kultura/my_html/2333/antichen.htm - За останките на доцноантичката резиденција на Константин Велики и претпоставката дека таа служила како резиденција и на севастократор Калојан, Ст.н.с. д-р арх. Добрина Желева-Мартинс и н.с. д-р арх. Валентина Врбанова, .
Низ вековите на ропството овој храм се викал Никола Големиот. На 30 март 1944 година за време на бомбардирањето над Софија црквата била целосно уништена.
Наводи
Категорија:Цркви во Софија Категорија:Православни цркви во Бугарија Категорија:Цркви од 13 век Софија