Бел свиркач или трипрста пескарка () — мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (), родот на пескарките (). Го има и во Македонија.
Распространетост Живее и се размножува во арктичките предели. Птица преселница е – на долги релации, зимувајќи во јужниот дел на Јужна Америка, јужна Европа, Африка и Австралија. Зимно време формира големи јата.
Опис Белиот свиркач е мала птица, со должина 18-21 см, и тежина од 40 до 100 грама, а забележлив е заради неговите светли пердуви. Горната страна е светлосива или сива, а долната страна е бела. Има црни рабови на крилјата. Исто така, имаат црн клун и нозе, со три прста, задните пети недостасуваат. Во лет, имаат сребрено-сива боја. Летно време горниот дел добива шарена кафеава боја, која се протега низ главата и на градниот кош. Младенчињата се пошарени, црно-бели и имаат повеќе контраст од возрасните.
Поведение
Белите свиркачи се размножуваат на север, во арктичките делови на светот. Сите се селат и летаат од 3 до 10.000 км за презимување. Стигаат доцна во март, а заминуваат рано, при крајот на август. Се огласуваат со кротки звуци како плит, тик, тивик.
Размножување Гнездата ги прават во крајбрежните тундри на 5 °C во јули, на посуви каменести делови од 60 до 800 мнв. Белиот свиркач агресивно ја брани својата територија. Овие птици може да бидат моногамни или полиандрични (една женка и два мажјака). Несат 3-4 јајца маслинаво зелени со кафени шарки. Се случува да имаат и по две гнезда. Крај гнездото се хранат со инсекти и растенија.
Исхрана Белиот свиркач се храни со безрбетници, ракчиња и црвчиња кои се кријат во горниот дел од песокот на брегот. Брановите им помагаат полесно да дојдат до својот плен исфрлувајќи ги на површина.Schultz, Stewart T. The Northwest Coast: A Natural History. (1990) Timber Press, Inc. Portland, Oregon. p129-130 За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Sanderling – Species text in The Atlas of Southern African Birds. Sanderling videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Sanderling Species Account — Cornell Lab of Ornithology Sanderling Calidris alba — USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Пескарки Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас