Јирген Колер (роден на 6 октомври 1965, во Ламбшајм) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој играл на позицијата централен одбранбен играч.

Кариера Тој се повлекол од професионалниот фудбал во 2002 година на возраст од 36 години, а последната сезона ја одиграл во дресот на Борусија Дортмунд, клуб со кој ја освоил Лигата на шампионите во сезоната 1996-97. Пред Борусија, Колер играл за екипите на Манхајм, Келн, Бајерн Минхен и Јувентус. Во својата долга и богата кариера Колер освоил уште три наслови во Бундеслигата (еден со Бајерн и два со Борусија), еден во Серија А (Јувентус), еден Куп на УЕФА (Јувентус) и еден наслов од Интерконтиненталниот куп (Борусија Дортмунд).

За репрезентацијата на Германија, Колер одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 2 гола. Во моментов тој е на петто место на вечната список на играчи со најмногу настапи за германската репрезентација. Најголемите успеси на репрезентативно ниво му се освојувањето на Светското првенство во Италија во 1990 година и на Европското првенство во 1996 година. Вкупно настапил на три Светски и три Европски првенства.

Титули Клупски Бајерн Минхен Бундеслига : 1989–90, Јувентус Серија А : 1994–95 Coppa Italia : 1994–95 Куп на УЕФА : 1992–93 Борусија Дортмунд Бундеслига (2) : 1995–96, 2001-02 УЕФА Лига на шампиони : 1996–97 Интерконтинентален куп : 1997

Репрезентативни ФИФА Светско Првенство : 1990 УЕФА Европско Првенство : 1996

Репрезентативни голови

Надворешни врски

Репрезентативна статистика на RSSSF.com Јирген Колер на soccerway

Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Германски фудбалски тренери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1965 година