мини|Статуата на Данте Алигиери во Верона

Верона () — град во Северна Италија. Верона е вториот по големина град после Венеција. Верона светски е позната како место каде што се одвива Шекспировата драма Ромео и Јулија, во чија чест се уредени повеќе места во градот, поради тоа уште се нарекува и „Град на романтиката“. Римската арена во Верона од 1 век е една од најголемите и најдобро сочуваните. Можела да прими 22,000 гледачи, а и денеска се користи за разни приредби. Во Верона, покрај останатото, секоја есен се одржува и најголемиот светски саем на Каменот.

Историја

Пошироката област на Венеција била населено уште во времето на праисторијата. Околу 300 п.н.е. година оваа област паднала под власт на Римјаните. Иако античка Верона немала исклучително значење меѓу староримските градови, во Верона останале многу солидно сочувани градби, арени и неколку градски капии.

Демографија

Според проценките од 2010 година во Верона живееле 263.964 жители. Во 2008 година во Верона живееле околу 270.000 жители, што е 2,5% повеќе од пред еден век. Верона има и значително приградско подрачје , со кое брои околу половина милион жители. Според податоците од 2009 година во Верона 87% биле Италијанциhttp://demo.istat.it/strasa2009/index.html. Најголемата имигрантска група доаѓа од еврпските нации (најголемата од Романија): 3.60%, Јужна Азија: 2.03%, Потсахарска Африка: 1.50%. Во градот претежно има Римокатолици, но поради имиграцијата сега има и Православни Христијани, Муслимани и Хиндузи.

800п|мини|центар|Панорамски поглед на градот.

Спорт

Градот има два професионални фудбалски тима. Историски, главниот тим на градот бил ФК Хелас Верона, којшто сега е во втората дивизија на лигата Серија А. Другиот тим ФК Кјево Верона, моментално игра во Серија А. Тимот ФК Хелас Верона го освоил Италијанското првенство во сезоната 1984/1985, со што им се овозможи учество во Европскиот куп следната година. Верона е дом на одбојкарскиот тим Марми Ланза Верона (сега во Серија А1), рагби тимот Френклин и Маршал Кус Верона (сега во Серија А1), и кошаркарскиот тим Скалигера Баскет (сега во Легаду).

Градска архитектура

Верона е град со голема историја. Во градот се сочувани неколку антички градби (арени, градски капии).

Галерија

Партнерски градови

Пула, Хрватска Ним, Франција Минхен, Германија Салцбург, Австрија Витлеем, Западен брег Раанана, Израел

Клима

Верона има влажна суптропска клима карактеристична за внатрешните рамнини на Северна Италија со жешки лета и со ладни зими. Релативната влажност на воздухот е висока во текот на годината, особено во зима кога предизвикува магла главно од самрак до доцна наутро.

Наводи

Надворешни врски

Општина Верона Официјално мрежно место на академијата на Верона Официјално мрежно место на Универзитетот во Верона Официјално мрежно место на Арената во Верона Туризам База на податоци со 4000 фотографии од Верона Фотографии од Верона

Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Венето