Вајтхорс () е најголем и главен град во Јукон, Канада. Лежи на бреговите на реката Јукон која е долга 3.187 километри, a чиј извор се наоѓа во Британска Колумбија, а се влева на север во Берингово Море. Со оглед на неговата местоположба, зимските денови во овој град се кратки, а летните денови имаат 20-часовна светлина. Зафаќа површина од 416 км² и тука живеат повеќе од 23.300 жители.
Галерија
Категорија:Градови во Канада Категорија:Јукон Категорија:Населени места основани во 1898 година