Урош Луковиќ (роден 8 јуни 1989 во Белград,Србија) е кошаркар кој игра на позицијата центар и е моментално играч на Металац Ваљево.
Кариера Урош Луковиќ својата кариера ја започнал во српскиот тим Торлак од Белград, подоцна потпишал 4 годишен договор со еден од најдобрите српски клубови ФМП. Едно време играл како позајмен играч за тимот на Раднички ФМП, за подоцна да се пресели во Шпанија, односно во тимот на Сарагоса. Во шпанскиот тим се задржал една сезона, па во 2011 година потпишал договор со тимот на Куманово каде останал две сезони. Во 2013 се преселил во естонски Тарту Уликоол, каде играл една полусезона. На почетокот на 2014 година, Урош повторно потпишал за Куманово каде играл до крајот на сезоната и воедно негов тренер бил неговиот татко Љубисав Луковиќ. За сезоната 2014/15, Луковиќ потпишал за Кожув, но предвреме го раскинал договорот и во декември 2014 година по третпат потпишал за Куманово./ Урош Луковиќ си замина од Кожув, следи камбек во Куманово ekipa.mk 4 декември 2014Урош Луковиќ потпиша за Куманово ekipa.mk 4 декември 2014 Со Куманово во 2015г., станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015„Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015 На почетокот на декември 2015 година, Урош своеволно го напуштил Куманово.Урош Луковиќ се раздели со Куманово! sport365.mk 7 декември 2015КК Куманово: Луковиќ самиот побара исписница, му посакуваме многу среќа ekipa.mk 7 декември 2015 Набрзо потоа потпишал за МЗТ Аеродром.Урош Луковиќ се договори со МЗТ! ekipa.mk 15 декември 2015Официјално: Урош Луковиќ до крајот на сезоната во дресот на МЗТ! sportmedia.mk 15 декември 2015Официјално: Српскиот „џин“ го засили МЗТ Аеродром! sport365.mk 15 декември 2015 Во август 2016 година, Урош потпишал двегодишен договор со српски Партизан.Партизан прв до Луковиќ sportmedia.mk 8 август 2016Урош Луковиќ две години во Партизан ekipa.mk 9 август 2016
Урош Луковиќ ги има поминато сите млади кошаркарски селекции на Србија, во два наврати се пријавувал и на НБА драфтот (2010,2011) но не бил избран.
Приватен живот Урош Луковиќ е син на поранешниот југословенски кошаркар Љубисав Луковиќ, кој во својата кариера работел и како скаут на НБА тимот Феникс Санс. Урош Луковиќ има помлад брат Марко Луковиќ кој настапувал во српскиот тим Мега Лекс и германски Трир и бил негов соиграч во МЗТ Аеродром во сезоната 2015/16,Официјално: Марко Луковиќ потпиша за МЗТ ekipa.mk 17 август 2015Луковиќ е новото засилување на МЗТ Аеродром sport365.mk 17 август 2015МЗТ се засили: Марко Луковиќ од Трир пристигнува во Аеродром sportclub.mk 17 август 2015„Штрковите“ посилни за Луковиќ derbi.mk 17 август 2015 а моментално игра во словенечка Крка.Марко Луковиќ го смени МЗТ за Крка sportmedia.mk 6 јули 2016Луковиќ си замина од МЗТ и потпиша за Крка ekipa.mk 6 јули 2016
Успеси Титули во Првенството 2015-16: МЗТ Аеродром Титули во Купот 2016: МЗТ Аеродром
Награди Во 2012 година Урош Луковиќ бил прогласен за МВП на регуларниот дел на БИБЛ Лигата.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски кошаркари Категорија:Родени во 1989 година