Металоиди или полуметали — назив за групата хемиски елементи чии својства се наоѓаат измеѓу метали и неметали.Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536.
Металоидите имаат низа метални особини - како на пример: блескава површина и високи температури на топење. Сепак, тие имаат мноху полоша електрична и топлотна проводливопст од типичните метали, а поголеми од типичните неметали, што е причина за нивното појавување во пулупроводници.Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.
Нивните хемиски својства исто така не може да се вбројат ниту во метални ниту во неметални: од една страна покажуваат неметални својства - на пример градат доста силни неоргански киселини, а од друга страна покажуваат типични метални својства - покажуваат поголема тенденција за формирање на бази отколку киселини и способни се за формирање на комплексни соединенија како преодни метали. Оваа група во себе ги содржи: бор, силициум, германиум, арсен, антимон, телур и астат.
Наводи
Категорија:Групи на хемиски елементи
Категорија:Метали