Кеката (гренландски: Qeqqata Kommunia, „центар“) е општина во Гренланд. Општината е основана со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година. Името на општината потекнува од местоположбата во рамките на Гренланд. Според податоците од јануари 2013 година, општината има население од 9,620 жители. Седиште на општината е Сисимиут. Општината е составена од поранешната територија Кангерлусуаг, како и општина Манитсок и општина Сисимиут.
Географија На југ и на исток општината се граничи со општината Сермерсок. Населените места се наоѓаат на брегот на општината. На север општината се граничи со општината Касуитсуп. На запад општината излегува на море, поточно Дејвисов проток. Со своите оваа општина е втората најмала во државата според територија.
Населени места На територијата на општината се наоѓаат следниве населени места:
Област Манитсок Манитсок Атамик Кангамиут Напасок Област Сисимиут Сисимиут Итилек Кангерлусуак Сарфангуит
Сообраќај Како и што е и со целиот Гренланд, така и во оваа општина нема патна поврзаност меѓу населените места. Во општината има три аеродроми, Аеродром Кангерлусуак (меѓународен аеродром), Аеродром Манитсок и Аеродром Сисимиут. Другите места се поврзани преку поморски сообраќај.
Наводи
Поврзано Гренланд Општини во Гренланд
* Категорија:Населени места основани во 2009 година